Мар 8, 2019

На македонското здравство му недостигаат околу шестотини доктори

Еден од најголемите проблеми со кои се соочува македонското здравство е недостигот на стручен кадар. На почетокот на минатата година тим на Министерството за здравство направи анализа според која се утврди дека вкупниот број на лекари којшто недостигаа во мементовт е околу 600 доктори. Само во текот на минатата година реализирани се голем број на вработувања во здравството, и тоа 3200 луѓе во 2018-та година, од кои најголемиот број се доктори и медицински сестри, изјави Министерот за здравство Венко Филипче. „Меѓутоа иако со тој тренд продолжуваме и оваа година воведуваме нова програма, со…

Мар 7, 2019

Владата ги презема надлежностите врз плажите

Од идната недела со плажите ќе управува Владата. После бурните реакции на експертите и јавноста  во однос на случувањата во струшко министерот за траспорт и врски ги одзема ингеренциите на општините за управување со плажите. Локалните власти не умеат да се справат со узурпацијата, локалните влијанија  и бизнис интересите во однос на  изградба на крајбрежието, тоа е основната причина за одземањето на ингеренциите.„Поради сите проблеми кои очигледно локалните власти не можат да ги решат тие проблеми државата смета дека може тоа да го направи на подобар начин.1237 За мене законот е еднаков за …

Мар 7, 2019

Единствената мини фарма со магариња во земјава се наоѓа во Велестово

Роберт Шиникоски во атарот на родното Велестово подигнал мини фарма со магариња. Овој млад човек, пред 18 месеци се вклучил во проект за спас од исчезнување на автохтоната сорта магариња. Со помош на здружението на граѓани “Буша“ се вклучил во проект за заштита. Добил грант од ГЕФ Македонија, Програмата за мали грантови и набавил 11 машки и женски грла добиток. Шиникоски е голем љубител на животни и вели дека работата не е тешка. Раскажува за почетоците при основањето на фармата. „ Потешкотии нема бидејќи овие животни не бараат многу , се задоволуваат со малку. Но сепак потребно е околу 6 …

Сеп 30, 2021

Нови археолошки откритија на јужната половина од цитаделата на Самоиловата тврдина

Археолошките истражувања на јужната половина од цитаделата на Самоиловата тврдина се во тек.Досега се откриени нови простории и коридори од објектот кој според досегашните сознанија бил изграден од страна на Џеладин бег. Во една од просториите која најверојатно имала функција на оружарница или магацин за оружје се откриени остатоци од околу 50 кубури, неколку бодежи и една парадна сабја. Сите наоди имаат големи оштетувања кои настанале по опожарувањето на објектот.Истражувањата ги раководи Анатоли Арнаудовски, виш кустос од НУ Завод и Музеј – Охрид.

Мар 7, 2019

Охрид ќе добие поликлиника, а Струга нова болница

Министерот за здравство, заедно со претставници на проектната единица на министерството, ја посети Охридската болница и разговараше со претставници на надележните институции за тоа каде ќе се гради поликлиниката односно амбулантата, за која минатата година беше иузработена физибилити студија. Филипче кажа дека следат преговори и анализи за тоа што треба да се направи од градежен аспект како охриѓани конечно би добиле една современа амбуланта. Местото на сегашната маларична, министерот за задравство го спосочи како една од можните локации. „Неколку опции се во предвид, тоа е едната, другат…

Мар 7, 2019

СЕ РЕКОНСТРУИРА БУЛЕВАРОТ „ТУРИСТИЧКА“

Булеварот кој веќе подолги години беше во очајна состојба и претставуваше грда слика на градот, започна да се реконструира. Денес, увид за текот на градежните работи извршија, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, директорот на ЈП „Државни патишта“, Зоран Китанов и в.д. градоначалникот Константин Георгиески, а претходно имаа работна средба во кабинетот на градоначалникот. – Во име на жителите од Охрид, сакам да ја пренесам благодарноста до Владата и министерството за транспорт и врски, а особено до министерот Горан Сугарески, за брзата реализација на нашето барање, а тоа е реко…

Мар 6, 2019

ПРЕЗЕНТИРАН „МУНИ“ СИСТЕМОТ ЗА КОМУНИКАЦИЈА СО ГРАЃАНИТЕ

Вршителот на должност градоначалник Константин Георгиески денеска присуствуваше на презентација на „Муни“ апликацијата со чие воведување би се овозможило поголема интеграција меѓу општинските сектори и јавните претпријатија во насока на подобра и поквалитетна комуникацијата со граѓаните. Системот за комуникација е составен од три подсистеми кои може да функционираат независно или сплотени во еден. Апликацијата за граѓаните ќе биде достапна на нивните смарт телефонски уреди кои на таков начин ќе може да плаќаат месечни сметки за различни видови комунални давачки или да се обраќаат директно…

Мар 6, 2019

ПРИФАТЕНИ СИТЕ АПЛИКАЦИИ ОД ЈАВНИОТ КОНКУРС ЗА ПОДДРШКА НА МЛАДИ И ТАЛЕНТИРАНИ СПОРТИСТИ

ЈП Билјанини Извори во месец јануари распиша јавен конкурс за поддршка на млади и талентирани спортисти во индивидуалните спортови на територија на Општина Охрид. Согласно тоа а врз основа на документите кои беа приложени од страна на апликантите како критериуми утврдени за учество на јавниот конкурс ЈП Билјанини Извори ја известува јавноста дека ги прифати сите предложени млади и талентирани спортисти кои аплицираа на јавниот конкурс и со тоа им се овозможува бесплатно користење на спортската инфраструктура што ја стопанисува претпријатието а се однесува на спортот кој го претставуваат. …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top