Охрид ќе добие поликлиника, а Струга нова болница

Министерот за здравство, заедно со претставници на проектната единица на министерството, ја посети Охридската болница и разговараше со претставници на надележните институции за тоа каде ќе се гради поликлиниката односно амбулантата, за која минатата година беше иузработена физибилити студија. 

 |   | 

Министерот за здравство, заедно со претставници на проектната единица на министерството, ја посети Охридската болница и разговараше со претставници на надележните институции за тоа каде ќе се гради поликлиниката односно амбулантата, за која минатата година беше иузработена физибилити студија.

Филипче кажа дека следат преговори и анализи за тоа што треба да се направи од градежен аспект како охриѓани конечно би добиле една современа амбуланта. Местото на сегашната маларична, министерот за задравство го спосочи како една од можните локации.

„Неколку опции се во предвид, тоа е едната, другата е тука во дворот на болницата, каде има веќе дел од објект, кој е карабина и така застанал повеќе години, за тоа ќе разговараме и со двајацата директори и со градоначалникот„, рече Венко Филипче- Министер за здравство на РМ.

Стана збор и за потребата од изградба на нова болница во соседна Струга. Имено Филипче кажа дека се во честа комуникација со струшкиот градоначалник, дека моментално се работи на ДУП, кој треба да дозволи изградба на нов здравствен објект на друга локација.

„Струга заслужува нова болница. Старата болница е навистина дотраена и нема услови таму да се даваат здравствени услови кои може да се каже дека се совбремени за коишто бараат нова и современа инфраструктура, така да интензивно работиме на тоа и го разгледуваме моделот како ќе се гради, дали тоа ќе биде кредит заем, или модел на јавно приватно партнерство“, кажа Венко Филипче- Министер за здравство на РМ.

За проблемот со застарената опрема во струшката болница која затајува Филипче кажа дека е во комуникација со директорот на болницата и дека се работи на изнаоѓање на долгорочно решение, со оглед на големиот број пациенти кои гравитираат. Филипче откри дека ќе стане збор за имплементација на новите модели на мобилни сервиси кои како пилот проекти се претставени во неколку општини, како во Кочани, Битола и Ресен, а се со цел, на пациентите да им се овозможи полесен пристап до квалитетни здравствени услуги.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top