Сеп 30, 2021

ПРВ АСФАЛТЕН СЛОЈ НА УЛИЦАТА „ЈАНЕ САНДАНСКИ“

Градоначалникот Константин Георгиески денеска направи увид на градежните активности за поставување на првиот асфалтен слој на коловозот на улицата „Јане Сандански“, на потегот од крстосницата со булевар „Туристичка“ до крстосницата со улиците „Сирма Војвода“ и „Даме Груев“. Како дел од предвидените активности на овој значаен инфраструктурен проект, беше поставена нова главна водоводна линија во должина од 700 метри и две секундарни линии од двете страни на улицата со вкупна должина од 1200 метри и завршени се сите поединечни приклучоци на домаќинствата. Исто така, извршено е поставување …

Мар 28, 2019

Се уредува дворното место пред амбуланта во Велмеј

Во тек се градежните работи за партерно уредување на дворното место пред амбулантата, во центарот во село Велмеј. Се уредува просторот каде секоја година се оддржува манифестацијата по повод верскиот празник Василица. Вкупната вредност на работите изнесува 897.000 денари без ДДВ, а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2019 година. Во оваа фаза, во просторот ќе се вметнат неколку содржини ( бекатон патеки, шанк со комплет санитарии, огниште, клупи од травертин околу огниште, санитарен јазол ). По завршувањето на овие работи ќе се премине на втората фаза, заградување на просто…

Мар 28, 2019

Субвенции за енергетска ефикасност и купување на печки на пелети по изборите

Со буџет од 50 милиони денари Министерството за економија ќе ја поттикнува енергетска ефикасност на домаќинствата, за вградување на сончеви колектори, ПВЦ или алуминиумски прозорци, како и за купување на печки на пелети.Ресорното министерство има на располагање пет милиони денари за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинствата. Предвидено е да се надоместува до 30% од вредноста и не повеќе од 15.000 денари. Со 25 милиони денари ќе се субвенционираат дел од од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќ…

Мар 28, 2019

ВМРО-ДПМНЕ Охрид: Што кријат и зошто не го пријавуваат имотот голем дел од функционерите на СДСМ?

Епидемија на недоставени Анкетни листови за имотна состојба до Државната комисија за спречување на корупцијата. Со СДСМ на власт нема почитување на законите, нема владеење на правото. Каков градоначалник такви функционери. Ако за в.д. градоначалникот Константин Георгиески законите не важат и не доставил Анкетен лист за имотната состојба истото како лош пример е и за голем дел од функционерите на СДСМ и коалиционите партнери на локално и централно ниво.Функционерите и по една година и пол немаат поднесено Анкетен лист за својата имотна состојба.Законската обврска за доставување на потребнат…

Мар 28, 2019

Генералки во с.Пештани и с.Лескоец

Ј.П.„Охридски Комуналец„ продолжува со акциите за генерално пролетно чистење во урбаните заедници и приградските населби. Оваа работна седмица генерално се расчистуваше во с.Пештани каде се подигна расфрланиот комунален отпад и трската од крајбрежниот појас, се отстрани ниската вегетација од тротоарите и пристапните патеки, се изврши метење на јавните површини, по што се изврши и миење на истите со цистерна. Акција за генерално чистење се спроведе и во с.Лескоец. Во оваа приградска населба се подигна голема количина од кабаст отпад , зелен отпад и градежен шут, како од јавни така и од при…

Мар 28, 2019

Охрид SOS: Општина Охрид повторно сака во матно да легализира дивоградби на атрактивни локации

Од граѓанската иницијатива Охрид SOS стигна допис кој е нивно видување за деталите за дел од парцелите кои се предложени за легализација на следната, 26-та по ред седница на Советот на општина Охрид. Дописот го објавуваме во целост: Бидејќи Општина Охрид не е транспарентна и советот не работи во име на жителите на Охрид, и ниеден документ, за ниедна седница не е јавно достапен на увид барем седум дена пред седницата на интернет страницата на општината, мораме сами да пребаруваме низ АКН ГИС системот на Агенцијата за катастар за да видиме за што се работи и кои парцели се предложени за лег…

Мар 28, 2019

На почеток на месец април свикана дваесет и шеeсeтата седница на Советот на Општина Охрид

Свикана дваесет и шестата седница на Советот на Општина Охрид. поголем дел од дневниот ред на ова издание на седницата на Советот, се предлог- одлуки за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација, со цел вклопување на бесправно изградени објекти. Советот на општина Охрид на ден 02.04.2019 година (вторник) со почеток во 11:00 часот ќе ја одржи дваесет и шестата седница. Седницата ќе се одржи во зградата на Општина Охрид со почеток во 11 часот.Најголем дел од точките на дневниот ред на оваа седница на советот на општината околу шесесеттина од нив, ќе бидат Предлог-…

Мар 27, 2019

Повторно гори крајбрежјето

Нема крај на пожарите долж крајбрежјето на Охридското езеро. Денеска гореше помеѓу Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ и автокампот „Андон Дуков“. Околу 11 часот стигнала дојава во охридската Противпожарна единица за опожарување на трска и ниска вегетација. Пожарот за кратко време се проширил на површина од преку 10000 м2 зафаќајќи трска, ниска вегетација, лозја, три бараки и шупи. ТППЕ реагирала со 4 возила и 12 пожарникари кои вложувајќи огромни напори го локализирале и ливидирале пожарот. „Опожарени се нивите, дрвата, се е опожарено. Сакам да упатам еден ап…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top