Повторно гори крајбрежјето

Пожарникарите гасеа огнена стихија која се прошири на 10 000 м2 помеѓу болницата Св Еразмо и Андон Дуков. Од противпожарната единица велат дека вложуваат натчовечки напори во справувањето со пожарите.  Апелараат да се преземат чекори палењето да се спречи и санкциоира.

 |   | 

Нема крај на пожарите долж крајбрежјето на Охридското езеро. Денеска гореше помеѓу Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ и автокампот „Андон Дуков“. Околу 11 часот стигнала дојава во охридската Противпожарна единица за опожарување на трска и ниска вегетација. Пожарот за кратко време се проширил на површина од преку 10000 м2 зафаќајќи трска, ниска вегетација, лозја, три бараки и шупи. ТППЕ реагирала со 4 возила и 12 пожарникари кои вложувајќи огромни напори го локализирале и ливидирале пожарот.

„Опожарени се нивите, дрвата, се е опожарено. Сакам да упатам еден апел до сите оние кои несовесно предизвикуваат пожари, да престанат, затоа што не  можеме да издржиме ниту физички, ниту можеме да ја покриеме територијата која ја опслужуваме во моментов.“-Љупчо Ѓурчиноски – заменик командир ТППЕ Охрид

Пожарникарите од почетокот на годинава рушат рекорди во интервенции. Гаснеле 190 пожари што е огромна бројка споредено со истиот период минатите години кога имало од 50 до 60 интервенции. Претежно се работи за шумски пожари на територијата на општина Дебрца. Шумите се оголени, а секојдневно се пали и трската по целото крајбрежје.

„Во принцип е несовесно однесување и неконтролирано палење а во повеќе случаи и намерно палење за што немаме досега никаков епилог . Ние укажуваме и на МВР и до нашиот работодавач Општина Охрид дека сме соочени со намерно предизвикување на пожари  па затоа еден апел да се преземат чекори , сето ова да се санкциоира и да се заштити вегетацијата и шумите кои ги имаме во општината.“- вели Ѓурчиноски

Од општинската ВМРО ДПМНЕ денеска со обвинувања до надлежните дека не преземаат соодветни мерки за палењата на трската на крајбрежјето.

„Палењето трска јасно ја покажува неодговорноста и негрижата на природното богатство и Охридското Езеро. Дали треба охриѓани сами да се организираат за да го спречат ова дивеење? ВМРО-ДПМНЕ бара брзи, ефикасни мерки и казни за уништувањето на трската на езерското крајбрежје. Надлежните веднаш да ги откријат нарачателите и потпалувачите на трската.“– Перчо Божиновски – портпарол ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид

Малку надеж дека работите се помрднуваат во насока на ставање крај на дивеењето даде вчерашната информација од Струшкото обвинителство кое поведе постапка против уништувачи на трска и инспектор по природа кој одбил да постапи по налог на јавен обвинител. Од таму велат дека интензивно ја следат состојбата со уништување на трската на езерското крајбрежје и дека издале наредби за засилен надзор.Истовремено, до полициските службеници биле издадени насоки за натамошно постапување за откривање на сторителите и на прибавување докази.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top