• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • На почеток на месец април свикана дваесет и шеeсeтата седница на Советот на Општина Охрид

На почеток на месец април свикана дваесет и шеeсeтата седница на Советот на Општина Охрид

Свикана дваесет и шестата седница на Советот на Општина Охрид. поголем дел од  дневниот ред на ова издание на седницата на Советот, се предлог- одлуки за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација, со цел вклопување на бесправно изградени објекти.

 |   | 

Свикана дваесет и шестата седница на Советот на Општина Охрид. поголем дел од дневниот ред на ова издание на седницата на Советот, се предлог- одлуки за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација, со цел вклопување на бесправно изградени објекти.

Советот на општина Охрид на ден 02.04.2019 година (вторник) со почеток во 11:00 часот ќе ја одржи дваесет и шестата седница. Седницата ќе се одржи во зградата на Општина Охрид со почеток во 11 часот.Најголем дел од точките на дневниот ред на оваа седница на советот на општината околу шесесеттина од нив, ќе бидат Предлог- одлуки за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација, со цел вклопување на бесправно изградени објекти и тоа во: Лескоец, Трпејца, Велестово, Долно Лакочереј, Косел, Оровник, Завој, Ливоишта, коњско, Куратица, Пештани и Охрид.

Исто така се очекува да биде изгласана Предлог- одлуката за усвојување на извештај за вкупниот договорен износ по доверители за финансирање на доспеани, а неплатени обврски на општина Охрид и единки корисници до 30.09.2018 година, како и Предлог- одлуката за формирање комисија за процена и утврдување на висината на штета настаната од природни непогоди, епидемии, епизоотии, епифитотии и други несреќи.На дневен ред пред градските избраници ќе се најде и Предлог- одлука за усвојување на Годишниот извештај за спроведувањето на програмата за развој на Југозападниот плански регион и годишен извештај за работењето на Центарот за развој на југозападниот плански регион за 2018 година, како и четири точки кои се однесуваат на одобрување изјава на единка корисник на финансиска поддршка од четири образовни установи од градов.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top