Во целост го пренесуваме писмото на здружението граѓани „Совест“.
-Еве конечно слушнавме, јасен кажан збор од страна на Премиерот Зоран Заев, дека АЛИПАШИНАТА ЏАМИЈА Е ДИВОГРАДБА.
-Изјавува… “знаеме дека има конзерваторско одобрение и знаеме исто така дека нема Дозвола за градба“…Нешто не е јасно.. Ние обичните граѓани знаеме дека каде што има дивоградба согласно закон има казна рушење и кривична казна ..ништо друго…затоа не си градиме кој каде сака и кога сака, туку чекаме со години да добиеме Дозвола за градба. Никој во институциите не ни верува на збор дека ќе добиеме само да поч…
При сообраќајни контроли извршени на 30.09.2021 од 08 до 13 часот, полициски службеници од полициската станица за безбедност во сообраќајот Охрид, регистрираа и санкционираа 11 возачи на моторни возила кои извршиле неправилно престигнување.
Полициските службеници од Струга затекнале и од сообраќај исклучиле две лица кои управувале мотоцикл под дејство на алкохол, додека во Кичево, санкционирани се шест возачи на моторни возила кои во населено место ја надминале дозволената брзина на движење со моторно возило – информираат од СВР Охрид.
Нема поприродно место за започнување на кампањата од мојот роден град Охрид, изјави денеска Гордана Силјановска Давкова во дворот на црквата Св Софија. Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ чиј слоган гласи „Правда за Македонија! Татковината повикува!“ рече дека кампањата ја замислува како натпревар на идеи, на програми, витешки натпревар на ставови. без напади врз личноста на противкандидатите.„Ќе им се обраќам, се разбира, не само на оние кои ми отворија врата, веројатно сакајќи да докажат и покажат демократски капацитет за некој од надвор како мене кој ги критикувал, мисла…
Михаил Трендафилов – Нанче, кандидатот за градоначалник на Охрид на Граѓанско демократската унија, предизборната кампања ја почна со обраќање до граѓаните пред спомениците на Христо Узунов и Методија Патче во центарот на Охрид од каде порача дека на овие избори влегуваат со најсилното оружје, а тоа е вистината. Со стравот што владее меѓу луѓето мислат дека се само ВМРО и СДСМ и друга опција нема. Затоа сме последни во Европа. Кој како сака нека кажува приказни. На сите ни е тешко. Тие не се многу различни, едните мамат другите лажат, заедно крадат после се амнестираат, рече Нанче. После 28 …
Основците од Ванчо Николески од Лескоец го одбележаа Први април денот на шегата и денот на акцијаштвото. Учениците на настанот му дадоа и сериозен еколошки дух. Од рециклирани гуми изработиле декоративни и корисни предмети кои го красат училишниот двор. Учениците членови на акцијашкиот клуб Брег на младоста одлучиле денешниот ден да го одбележат со акцијата „Гумата не гори ја, за украс обои ја“ упатувајќи порака дека промените стартуваат од себе, од својот двор, од својата околина.
„На тој начин сакавме да покажеме дека треба да се грижиме за местото во кое учиме и живееме. Идеата како нај…
Константин Георгиески, кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ во своето прво обраќање пред охриѓани потсети на пријателството, спомените и заложбите на Јован Стојаноски кој прерано замина од градоначалничката функција. Почувствував голема морална обврска и мотив да ги вложам сите мои човечки капацитети, сето мое искуство и време за да се борам и да го продолжам она што го започнавме заедно за доброто на Охрид и за доброто на охриѓани, истакна Георгиески кандидат за градоначалник на Охрид. Мојата предизборна програма е базирана на реални основи и проекции за остварливи проекти кои се …
Експлозија од бои и костими. Денес градскиот плоштад беше местото на кое најмладите охриѓанчиња од сите охридски градинки покажаа дека детската фантазија не познава граници. Идеи поттикнати од ликовите од цртаните филмови и омилените бајки, па се до омилените ликови од актуелните сапунски серии. Принцези, самовили, Бетмен, Спајдермен беа само некои од ликовите во кои кои најмалите беа маскирани. Буквално на плоштадот можеше да се види се и сешто. Целта беше, одбележувањето на денот на шегата, 1 април.
На одбележувањето на празникот се приклучија и учениците од основните училишта. Во основн…
Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, бензините поскапуваат за 2,5 до три денари за литар, а цената на дизел горивата се зголемува за половина денар по литар.
Малопродажна цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,5 денари и ќе изнесува 68,5 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапува за три денари и ќе чини 70,5 денари за литар.
Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за половина денар и ќе изнесуваат 61, односно 49,5 денари за литар.За 0,677 денари за килограм се…