Вршителот на должност градоначалник, Константин Георгиевски синоќа присуствуваше на отворањето на културниот детски фестивал „Децата на Бугарија пеат и играат во Охрид “ што се одржа во НУЦК „Григор Прличев“. Целта на настанот е да се зајакнат пријателските односи и соработката во областа на културата меѓу Република Северна Македонија и Бугарија.
Организатор на фестивалот што завршува во четврток е Здружението за култура и уметност АРТ ВИВЕНДИ од Охрид и бугарската Фондација Жар- С, а поддржан од Амбасадата на Р. Бугарија.
На овој план благодарение на Владата веќе започна решавањето на проблемот со колекторскиот систем преку Формирање на ново Јавно претпријатие кое ќе ги преземе обврските за одржување, обновување и продолжување на Колекторскиот систем. Во насока на заштита на езерото, преземени се и конкретни чекори заедно со општините Дебрца и Струга за пренасочување на реката Сатеска во старото корито што според најавите ќе се реализира со средства од европските фондови, кажа денеска на прес конференција кандидатот на СДСМ за прв човек на Охрид.
„Исто така започната е постапка за изработкана Студија за вал…
Советот на општина Охрид со 12 гласа за, 8 против и еден воздржан го усвои извештајот за вкупниот договорен износ по доверители за финансирање на доспеани, а неплатени обврски на општина Охрид и единки корисници до 30.09.2018 година. Со помош на Владата, почнуваме со реализација на процесот на раздолжување на општината, нејзина финансиска консолидација и почеток на нов развоен циклус , изјави вршителот на должност градоначалник Константин Георгиески.
„ Општината ќе го намали вкупниот долг за 948.023.989,оо денари или за 15.400.000 евра од кои над 495 милиони „ денари се средства согласно З…
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и кандидатот за градоначалник на Охрид, Митре Милошевски денес се сретнаа со туристичките работници. Како што кажа Мицкоски целта на средбата била да се поразговара со нив за се она што во минатото било успешен проект, а и да се чујат предлози што во иднина би ја зголемиле и подобриле туристичката понуда на Охрид.Што можеме ние како идна локална властТука во Охрид да понудиме ново што ќе додаде вредност во процесот на привлекување туристи, зголемување на квалитетниот туризам во градот, но и во земјата во целост. Ќе разговараме и за сето она шт…
Со визија и сила, преголема одговорност и позитивна енергија влегуваме во успешна кампања за локалните избори, кажа д-р Митре Милошевски, кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ. На прес конференцијата која се одржа во Канцеларијата за граѓани која е отворена за граѓаните Милошевски порача дека преку отвореност со охриѓани ќе ги јакнат демократските капацитети на градот и ќе бидат заедно со народот во секое место, маало, секоја улица и праг.
„Тие што вистински го сакаат својот град, работат за него, го сакаат со дела. За мене политиката е одговорност и натпревар на идеи каде про…
Здружението на граѓани за ретки болести „ЖИВОТ СО ПРЕДИЗВИЦИ“ го одбележува интернационалниот ден на болест на Гоше во склоп на кампањата на Интернационалната Гоше Алијанса. Оваа година кампањата се одвива преку социјалните медиуми со споделување на изјави од доктори, семејства и пациенти поврзани со болест на Гоше.
Оваа година темата е „Порана дијагноза, подобар живот“. Раната дијагноза е важна не само за болеста на Гоше туку за сите ретки болести. За жал многу од пациентите со ретки болести во нашата земја, но и во светот, не добиваат дијагноза во првите години од животот. Со болест на Г…
Охрид е град на просветителството и на писменоста, па оттука произлегува нашата обврска да создадеме услови, сегашните и идните генерации да го зачуваат и да го осовременуваат овој имиџ и во иднина, истакна денеска на прес конференција професор Ристо Николески, кој што презентираше дел од предизборната програма на кандидатот за градоначалник Д-р Константин Георгиески. Нашата цел со Георгиески како градоначалник е образованието во Охрид да го издигнеме на нивото кое го заслужува и нашиот град да може да се гордее со ученици кои имаат големи успеси во земјата и во меѓународни рамки, кажа Ни…
Синоќа на 67-годишна возраст почина познатиот охридски историчар на уметност, Гоце Ангеличин Жура.Роден е 1951 година. Основно и средно образование завршил во Охрид, а дипломирал на Филозофскиот факултет, група Историја на уметност со археологија, прва генерација. Работниот ангажман го започнал во Заводот за заштита на спомениците на културата и Народен музеј во Охрид, со звање советник конзерватор каде останал до самото пензионирање. Жура посебно се истакнува како основоположник и втемелувач на теренските истражувања на пештерските цркви и монашки живеалишта во охридско-преспанскиот регион…