• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Заштитата на животната средина во Охрид и Охридското езеро приоритет во работењето на Константин Георгиески доколку ја добие довербата на граѓаните

Заштитата на животната средина во Охрид и Охридското езеро приоритет во работењето на Константин Георгиески доколку ја добие довербата на граѓаните

На овој план благодарение на Владата веќе започна решавањето на проблемот со колекторскиот систем преку Формирање на ново Јавно претпријатие кое ќе ги преземе обврските за одржување, обновување и продолжување на Колекторскиот систем.

 |   | 

На овој план благодарение на Владата веќе започна решавањето на проблемот со колекторскиот систем преку Формирање на ново Јавно претпријатие кое ќе ги преземе обврските за одржување, обновување и продолжување на Колекторскиот систем. Во насока на заштита на езерото, преземени се и конкретни чекори заедно со општините Дебрца и Струга за пренасочување на реката Сатеска во старото корито што според најавите ќе се реализира со средства од европските фондови, кажа денеска на прес конференција кандидатот на СДСМ за прв човек на Охрид.

„Исто така започната е постапка за изработкана Студија за валоризација на СтуденчишкотоБлато, а во тек е подготовка на нов Локален еколошки акционен план на Општина Охрид.За подигнување на капацитетот и подобрување на услугите, за потребите на ЈП „Охридски Комуналец“ набавени се 7 специјалникомуналнивозила, а во соработка со ова претпријатие веќе се преземени конкретни мерки за решавање на проблемот со кучињата скитници согласно сите позитивни законски прописи“, истакна Константин Георгиески, кандидат за градоначалник од СДСМ.

Георгиески кажа дека во предизборната програма има уште многу планови со кои ќе се придонесе за современи еколошки стандарди какви што му доликуваат на еден туристички центар.

„Планираме да ги следиме стандардите за модерно одлагање на отпад во урбаните зони, а ќе реализирамеи проекти за осовременување на примарната селекција на отпадот во домаќинствата.Ќе преземеме активности запоставување на нови подземнии прес-контејнери,за кои веќе има утврдени локации. Вложуваме напори за изнаоѓање на Локација за депонирање на градежен шут и цврст отпад со што би се решил проблемот со дивите депонии во околината, особено во делот на Националниот Парк „Галичица”, кажа Георгиески.

Планираме опремување на современа Претоварна станица за комунален отпад како и поставување на мерна станица за контрола на квалитетот на воздухот во Охрид , посочи Георгиески. Охриѓани се јасни и сериозни во поглед на барањата за заштита на животната средина, ги слушаме и разбираме и ќе испорачаме видливи резултати , дециден Георгиески.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top