Апр 5, 2019

Нов начин во функционирањето за општинската администрација најавува во изборната програма Митре Милошевски

Воведување на низа мерки во работењето на општинската администрација за позадоволни граѓани, најавува во изборна програма Митре Милошевски кандидат за градоначалник од Вмро Дпмне. Милошевски, најави на денешната прес конференција поголема ефикасност и услужност на локалната администрација кон граѓаните. „ Општинатa ќе биде поотворена и ќе работи за граѓаните. Со нови начини на организирање на работата, навремени реакции, достапност и услужност за граѓаните ќе направиме ефикасна и модерна Општина. Кој прв ќе дојде, тој прв ќе добие услуга. Воведување антикоруптивна мерка со која нема решава…

Апр 5, 2019

„Благовештение на Пресвета Богородица“

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека во четвртата недела од Великиот пост на 07. април 2019 година (недела), во катедралната црква „Св. Софија“ – Охрид, со почеток во 08:45 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Благовештение на Пресвета Богородица“. а светата архиерејска литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.

Апр 5, 2019

ВЕЧЕРВА ОХРИЃАНИ ПОВТОРНО ЌЕ ИМААТ МОЖНОСТ ДА УЖИВААТ ВО ПРЕТСАВАТА „АНАЛФАБЕТ”

Вечерва на репертоарот во Центарот за култура повторно ќе биде изведена претставата „АНАЛФАБЕТ” – комедија работена според истоименото вонвременско дело на Бранислав Нушиќ, а во режија Ѓорѓи Ризески. Играат: Горан Стојаноски – Максим БлагадушаНикола Тодороски – Митре П. КлатипатлакСтрезо Стаматовски – Румен ВујаклијаАдријана Билаловиќ Тодороска – Магдалена Лапајкоска – ДупеваСценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев Станува збор за тетарско дело кое се занимава со луѓето кои црпат голема моќ од функциите на кои се поставени во општеството и ги злоупотреб…

Јан 3, 2022

Санкционирани 4 возачи во Охрид кои управувале возило под дејство на алкохол

На 1-ви и 2-ри јануари 2022 година во периодот од 22 до 03 часот, на подрачјето на СВР Охрид спроведени се засилени акциски сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале 9 возачи кои управувале под дејство на алкохол ( Охрид-04, Струга-03, Кичево-01, Дебар-01 ). Тие се веднаш исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози – информираат од СВР Охрид.

Апр 5, 2019

Викендов во Охрид Балкански конгрес по урологија

Од 5-7 април, Охрид ќе биде домаќин на Балканскиот конгрес на уролози. – За прв пат во Македонија, ќе се одржи Балканскиот Конгрес по урологија, кој има за цел да ги обедини сите уролози од овој регион, без разлика од каде доаѓаат, а се со цел да ги споделат своите знаења кои досега ги стекнале и заеднички да напредуваат за доброто на пациентите, информираат организаторите. На свеченото отворање на Балканскиот конгрес на урологија, кој ќе се одржи во хотелот „Метропол“, вечерва ќе се обрати министерот за здравство Венко Филипче.

Окт 2, 2021

Најмладите охриѓанчиња на Градскиот кеј се запознаа со различни видови на спортови

Денеска во Охрид се одбележува Европската недела на спортот, под мотото „Те предизвикувам да бидеш активен“. Агенцијата за млади и спорт заедно со локалните клубови, амбасадори и национални спортски федерации, како и спортски работници, организира рекреативен ден на Охридскиот кеј. Во текот на денот, сите игри од различни спортови ќе бидат достапни, од полигон за сите возрасти, до ракомет, кошарка, фудбал, пилатес, а можеби и рекреативни активности за спортови на вода. Со толку многу различни спортови и голема разновидност на поединци, ќе го прославиме крајот на Европската недела на сп…

Апр 5, 2019

Претставници Здружението „Стар Лагадин” се сретнаа со в.д. градоначaлникот на Охрид Константин Георгиески

Претставници Здружението „Стар Лагадин” одржаа средба со в.д. градоначелникот на Охрид г-дин Константин Георгиески. Информираат дека се задоволни од приемот и разбирањето што градоначелникот го има кон урбанистичките проблеми во Лагадин генерирани од претходната централна и локална власт. „Средбата претставуваше позитивно продолжение на средбата што ја имавме со Премиерот, г-динот Зоран Заев, и истата покажа дека имаме заеднички заложби во однос на решенијата за урбанистичкото дивеење на овој голем и значаен дел од охридското крајбрежје. Разговаравме за решение кое ќе овозможи стопирање на…

Апр 5, 2019

НОВА ВОДОВОДНА ЛИНИЈА НА УЛ. „7-ми НОЕМВРИ“

Екипи на МЈП „Проаква“, деновиве, извршуваат работни активности за поставување на нова водоводна линија на улицата „7-ми Ноември“. Денес, активностите се во завршна фаза. Поставените цевки се со ширина од 225мм. Исто така, екипи на МЈП „Проаква“, денес вршат анализа во село Лескоец, за изведување на активности на улицата „Илинденска“.
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top