Апр 10, 2019

Милошевски: Системски решенија во инфраструктурата, водоснабдувањето и канализациониот систем

За пософистициран лик на општината со формирање пријатни катчиња за одмор и релаксација на граѓаните и туристите, планирањето и уредувањето на просторот на јавните површини ќе се прави во дослух со граѓаните, вели Митре Милошевски, кандидат за Градоначалник на Охрид, од вМРО ДПМНЕ.  Неговата програма за поубав град предвидува уредување на парковите на влезовите во градот за разубавување на ликот на Охрид. Но за гардот да биде целосно уреден потребни се  системски решенија во инфраструктурата, водоснабдувањето и канализациониот систем како во градските така и руралните средини, потенцира Мил…

Апр 10, 2019

Николески: Посветено и одговорно работиме на проекти за подобрување на условите во објектите за децата од предучилишна возраст

Изминатиов период преземени се конкретни активности за подобрување на  условите во објектите на градинката „Јасна Ристеска”, за решавање на проблемот со недостатокот на стручен кадар, набавка на нова опрема и нови детски реквизити, а во во програмата на кандидатот за градоначалник Константин Георгиески предвидени се проекти со кои ќе се продолжи работењето за подобрување на условите во градинките. Ова го истакна денеска на прес конференција Ристо Николески.  „Вложуваме максимални напори и работиме на проект за изградба на нова градинка на просторот кај постоечката „Централна градинка” со шт…

Апр 10, 2019

Стевоски: Денешниот ден нема да биде ист со утрешниот и ќе дојдат подобри времиња

Денешниот ден нема да биде ист со утрешниот и ќе дојдат подобри времиња, ова е животното мото на Стевче Стевоски, кандидатот за градоначалник на Охрид од партијата Демократи. Стевоски основно образование завршил во ОУ „Св. Наум Охридски„ во Пештани, средно полициско училиште завршил во „Елисие Поповски- Марко“ во Скопје по што, во 1987година се вработил како милиционер. Вонредно завршил факултет за безбедност и се стекнал со звање дипломиран правник криминалист на Факултетот за безбедност во Скопје. Желбата за оваа професија ја имал од најмали ноѕе бидејќи секогаш се борел за правда, а тој …

Апр 10, 2019

Високата стапка на пораст на бројот на патници на аеродромот во Охрид во првите три месеци од годинава

Во првите три месеци од 2019 година вкупно 480.845 патници патувале преку двата аеродрома – Меѓународен Аеродром Скопје и аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид , што е пораст од 7% споредено со истиот период во 2018 година. Меѓународниот Аеродром Скопје опслужи 454.448 патници во првиот квартал од 2019 година, со 5,6% пораст на годишно ниво, додека на Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид опслжени беа 26.397 патници, што е 63,9% годишен пораст. – Првиот квартал од 2019 година го завршивме со речиси половина милион патници на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид …

Апр 10, 2019

ТВМ во домот на Митре Милошевски, кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ,

Познатиот неврохирург Митре Милошевски родум е од село Битуше, високо на Кораб планина. Татко му Перо  бил учител , а мајката Јованка  работничка, па се доселиле во Охрид. Детството го минал во градот под Самоиловата тврдина,  тука завршил основно и средно образование, а потоа заминал на медицинскиот факултет во Скопје,  кој го завршил во рекордно време. Првото вработување му е во близина на родното место, во Здравствениот дом во Ростуше, но набрзо се вработува во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Свети Еразмо , каде се уште работи, цели триесет години. Медицината и Хипок…

Апр 9, 2019

Коректен тек имаат досега претседателските и предвремените локални избори

Оливер Деркоски, претседателот на ДИК со членови на Комисијата оствари средба со петмината кандидатите за градоначалник на Охрид и со општинската изборна администрација. Деркоски даде позитивна отценка за досегашниот тек на претседателските и предвремените локални избори. Упати порака до кандидатите и понатака да го задржат нивото на фер и позитивна кампања.„Се надевам дека така и ќе остане докрај. Иако очекувам да се зголеми интензитетот на полтичкиот натпревар при крај на кампањата. Но, не очекувам посериозни нарушувања.Имаат добри кандидати 3-те општини , сериозни , со интегритет во сред…

Окт 3, 2021

17-годишно момче од Мешеишта загина во сообраќајна несреќа кај Ботун

Во сообраќајна несреќа која се случила утринава околу 03 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево кај селото Ботун, загина 17-годишно момче од Мешеишта. Патничко моторно возило „киа соренто“ со охридски регистарски таблички управувано од 17-годишно момче од Лешани, општина Дебрца, излетало од патот. Возачот се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во болницата „Св. Еразмо“, а неговиот сопатник од здобиените повреди починал на лице место. Екипа од СВР Охрид извршила увид на лице место.

Апр 9, 2019

Ангелеска: Ефикасна општина по мерка на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните преку соодветни мерки за поголема ефикасност на општинската администрација е целта на кандидатот за Градоначалник Константин Георгиески и неговиот тим.  Живка Ангелеска од ОО СДСМ која што презентираше дел од предизборната програма на кандидатот Георгиески кажа дека веќе се работи на  воведување на електронскиот систем„Муни“, кој  преку  Апликацијата за смарт уреди ќе биде достапна за граѓаните  при што електронски ќе можат да плаќаат сметки за комунални услуги или да комуницираат директно соопштинските служби. „Исто така со цел да се подобрат опшинските услуги…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top