Со години немилосрдно се уништува појасот на трската во Охридското езеро. Доколку тоа не запре на најбистрото и најстарото езеро во Европа му се заканува еколошка катастрофа, алармираат експертите. Но, на нивните повици несовесните граѓани останаа глуви. Глуви се и институциите кои цели осум години немаат извршено никакви истражувања, испитувања и анализи на состојбата со трската вдолж охридското крајбрежје.Палење, сечење, тампонирање, целосен еколошки геноцид. Се уништуваат мрестилиштата на краповидните риби, а птиците исчезнуваат напуштајќи ги разурнатите, спалени гнезда.„Во уни…
Првиот круг од локалните избори заврши, на запад ништо ново, се е веќе видено, рече на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник од ГДУ, Михаил Трендафилов Нанче кој според освоените гласови не успеа да влезе во вториот круг од изборите. За гласовите кои ги доби, рече дека тоа се 1700 кристално чисти охридски бисери, гласови богатство, бисери кои му давале за право да мислаи дека во Охрид конечно се раѓа нешто ново, дека изгрева зората на слободата.„ Вистината сите ја сакаат но повеќе и веруваат на лагата, сметам дека со тоа се е кажано. Се чувствувам како морален победник, н…
На 23 годишниот Мартин од Струга потребна му е помош од сите хумани луѓе. Поради повреда на рбетниот мозок, на Мартин потребно му е лекување со матични клетки во Русија, третман кој трае две години, на секои три месеци.
Станува збор за терапија со матични клетки, за чиешто успешно спроведување се потребни 150.000 евра, кои треба да се соберат во најкраток можен рок со цел Мартин повторно да застане на нозе.
На охридскиот плоштад Крушевска Република се одржа традиционалниот Велигденски базар.По шести пат пред големиот христијански празник Велигден се одржува манифестација на која може да се почустуваат духот на традицијата и обичаите од охридското поднебје поврзани со прославата на овој празник.
За овогодишната организација на Велигденскиот базар се погрижи ЈП „ Градски пазар“, а со поддршка на Локалната самоуправа. В.Д. Градоначалникот Константин Георгиески беше во обиколка на големиот број штандови каде што беа изложени изработки од охридски занаетчии и сувенири од охридските ученици, како и…
Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, фестивалот „Охридско лето“ синоќа во црквата „Света Софија“ организира голем велигденски концерт на кој настапи вокалниот ансамбл „Ноктурно“ од Белград, Република Србија.
Програма беше составена според значењето на Великата Седмица во која се наоѓа православниот христијански свет, со духовна музика од српски и руски композитори. Црковната акустика даде дополнителен амбиент и измами бурни овации и бисеви за ансамблот со кој диригираше маестро Ѓорѓе Станковиќ.
-Првата половина од програмата со која настапивме беше заснована на страдањето…
Во Основното училиште „Кочо Рацин“ на 30.04.2019 година (вторник) од 12:00 до 14:00 часот ќе биде поставена изложба на портрети на Кочо Рацин, по повод 80 години од печатењето на збирката „Бели Мугри“.
Изложбата е организирана од страна на фондацијата „Ангел Петров“ од Велес. Од страна на фондацијата ќе бидат изложени 20 портрети на Кочо Рацин.
Facebook, WhatsApp и Instagram паднаа и во моментов се недостапни. Голем број пријави за недостапност на Фејсбук, истотака, може да се видат на downdetector.com и други слични страници.
Ова се услуги под покровителство на Фејсбук, кои според првите информации, паднаа низ целиот свет. Падна и Facebook Messenger.
Проблемите со пристапот започнаа малку по 17 часот, но околу 17:40 часот услугите на Фејсбук целосно се прекинаа.
За причините за прекинот, од компанијата најавуваат нешто подоцна информации.
Основното училиште „Христо Узунов “ го одбележа патрониот празник и 114 години од херојската смрт на охридскиот војвода. Како што се гордееме со животот и делото на нашиот патрон Узунов така сме горди и на успесите кои ги постигнуваат нашите ученици под раководство на нивните ментори , нашиот наставен кадар, вели по тој повод Оливија Пирузева Јанева директор на ова ОУ.
„ Не само во минатата година туку скоро 44 децении , колку што постои нашето училиште. Продолжуваме во континуитет со нашите успеси, пред се со успесите на нашите ученици и наставниците, она што е наша определба.Но, и со нап…