Овој филм беше единствен наш претставник во официјалната конкуренција на Берлинскиот филмски фестивал, учествуваше и на други фестивали, а освои и неколку награди. Доби две престижни награди на Ecumenical Award и Guild Film Prize.
Првата се доделува за да се оддаде почит кон оние уметнички дела што сведочат за моќта на филмот во откривањето на мистериозните длабочини на човекот. Guild Film Prize, пак, ја доделуваат членови на жири комисија кои се дел од Асоцијацијата на германската уметничка кинематографија AG Kino – Gilde e.V, а воедно се и менаџери на арт-кина.
На почетокот на месецов н…
Градоначалникот Константин Георгиевски денес оствари средба со членовите на здружението „Совест“ на која тие го известија за барањата кои ги изнесоа на протестот за стопирање на нелегалните градбежни активности кои се преземаат на Али Пашината џамија.
Градоначалникот ги сослуша барањата и предлозите на Совест за решавање на проблемот со Али пашината џамија која се наоѓа во заштитеното градско подрачје, кое всушност беше и дел од најновиот извештај на Унеско за заштита на природното и културното наследство на Охридскиот регион.
Од Здружението Совест информираат дека добиле уверување од гра…
Охридското Ј.П.„Охридски Комуналец“ набави специјалното возило на електричен погон за собирање на ситен отпад и празнење на корпите кои се поставени за оваа намена по чаршијата и пешачките зони во централното градско подрачје.
Електромобилот е набавен од сопствени средства, лесен е за ракување, не создава бучава и не го загадува воздухот, што е многу значајно затоа што ќе се користи во најфреквентните делови на градот.
Пред почетокот на туристичката сезона корпите ќе се празнат во една смена во текот на денот, а во екот на туристичката сезона во две смени. Дефинирана е динамика според кој…
Денеска во 12 часот во НУ. Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид во организација на Почесниот конзулат на Руската Федерација д-р Ана Комарова ќе се одржи предавање за Свети Јован Шангајски и Сан Франциски, чудотворец и голем подвижник од 20 век. Д-р по науки Комарова ќе говори и за неговата врска со Македонија и македонскиот народ.
Утре – четврток 23 мај во пресрет на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј во охридската библиотека од 13 и 30 часот ќе биде отворена изложба на литература посветена на животот и делото на просветителите.
Во истиот термин во соработка …
Службите на на охридското комунално јавно претпријатие секојдневно се соочуваат со проблеми и несоодветно депонирање на комунален отпад, градежен шут, зелен и кабаст отпад. За жал секое утро овие фотографии се реалност која тешко се искоренува од навиките на граѓаните.
Градежен шут оставен покрај контејнерите на ул.„Питу Гули“, расфрлани вреќи и картонски кутии на ул.„Сирма Војвода“, јоги, кревети и картонски кутии од набавена електронска опрема на ул.„Јане Сандански“, градежен шут на „Славеј Планина“, оставени вреќи отпад покрај празни контејнери, оштетувања и палење на контејнери и уште …
После вчерашната информација објавена од голем број македонски медиуми дека УНЕСКО предложи Охрид да се стави на Листата на загрозено светско наследство, од Владата излегоа со официјален став дека Охридскиот регион долги години бил лошо управуван и дека постапува со внимание и сериозност по сите одлуки и препораки на УНЕСКО.
-„Владата на Република Северна Македонија пристапува со внимание и сериозност кон комплексните состојби со кои се соочува светското природно и културно наследство во Охридскиот регион години наназад. Долгогодишното лошо управување со регионот и мегаломанските проекти к…
Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“- Охрид доби оперативен неврохируршки микроскоп со кој пред неколку денови беше изведена првата успешна операција на тумор на мозок. Со новата апаратура двајцата неврохирузи д-р Митре Милошески и д-р Мичо Мичуновиќ ќе изведуваат сложени оперативни зафати за кои претходно пациентите се препраќаа во Скопје.
Првата успешна операција, која траеше околу три часа беше изведена врз 73-годишна пациентка на која и беше отстранет длабок мозочен тумор.
Таа беше пациентка на 73-годишна возраст со длабок мозочен тумор, кој притискаше …
Во рамките на настанот „Гастро тура – 2019“ во Охрид се присутни Џорџо Дијана , шеф со Мишелин ѕвезда и Андреа Бијаџини консултант и сопственик на „Food & Lifestyle“ . Настанот е во организација на Општина Охрид, Факултетот за туризам и угостителство Охрид и Туристичкиот кластер ЕДЕН. Гостите од Италија ќе одржат Mастер класови за студентите по гастрономија, готвачите, менаџерите и сопствениците на охридските угостителски објекти. Угостителството е важен дел од еден комплетен туристички производ и токму затоа треба постојано да се преземаат мерки за осовременување на гастрономската пону…