• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Охридската библиотека со исложба ќе го одбележи денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј

Охридската библиотека со исложба ќе го одбележи денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј

Денеска во 12 часот во НУ. Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид  во организација на Почесниот конзулат на Руската Федерација д-р Ана Комарова ќе се одржи предавање за Свети Јован Шангајски и Сан Франциски, чудотворец и голем подвижник од 20 век. Д-р по науки Комарова ќе говори и за неговата врска со Македонија и македонскиот народ.

 |   | 

Утре – четврток 23 мај во пресрет на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј во охридската библиотека од 13 и 30 часот ќе биде отворена изложба на литература посветена на животот и делото на просветителите.

Во истиот термин во соработка со Средното економско училиште „Св Кирил и Методиј“ од Охрид кое го слави патронот ученици од училиштето ќе читаат стихови и проза од и за просветителите. Професорката по македонски јазик од истото училиште Марија Симјаноска ќе одржи предавање посветено на мисијата на солунските браќа и нивното значење за нас и за целиот словенски свет.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top