Охрид доби инвестициски камп кој ќе функционира на ФТУ. Со пилот програмата целна група ќе бидат младите луѓе. Тие своите бизнис идеи и визии за една фирма ќе може да ги развиваат со понатамошна поддршка на Фондот за иновации и центрите за иновации на УКИМ , УKЛО и Универзитетите од соседна Албанија, посочува Сашо Коруноски, ректор на Уни. Св Климент Охридски, кој е еден од партнерите на иновативниот камп.
„ Информцијата е круциален фактор. Доколку тие идеи се отценат како добри, стоиме зад нив со логистика не само во опрема, информатичка технологија туку и и знаење,искуство и експертиза“,…
На крајот од годинава ќе започне санација на колекторскиот систем во Охрид. Од владата ветуваат дека ќе се поправат сите пумптните и пречистителни станици, со што ќе се спречат еколошките хаварии, кои му се случуваат на Охридското езеро со години наназад. Искористена е стара физибилити студија за реконструкција и санација , но зафатот ќе чини многу помалку пари, кои ќе се обезбедат со ребалансот на буџетот . До март се очекува конечно коекторскиот систем да биде функционален и да одговори на својата намена заштита на Охридското езеро од загадување.
„Имаме колекторски систем кои ед…
Во рамките на 17.Регионална конференција на македонскиот ПЕН Центар – Преспа утре – сабота во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи Меѓународно литературно читање.
Во Прличевата одаја на библиотеката свои стихови од 18 часот се очекува да читаат: Ифигенија Симоновиќ (Словенија), Вида Огњановиќ (Србија), Катица Ќулавкова (Македонија), Иван Џепароски (Македонија), Мирча Дута (Романија), Тоне Першак (Словенија), Санде Стојчевски (Македонија), Димитар Башевски (Македонија), Фахредин Шеху (Косово), Славе Ѓорго Димовски (Македонија), Тоде Илиевски ( Македонија), Лена Рут Стефановиќ…
НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид од понеделник 10 јуни до 30 август годинава ќе работи во една смена од 08:30 до 16:30 часот. Во терминот од 08:30 до 16.00 часот читателите ќе можат да позајмат нови и да ги вратат веќе прочитаните книги.
Од НУ Библиотеката „Григор Прличев“ информираат дека во текот на летото во одделението за издавање на книги ќе можат да се зачленат и лица кои во Охрид имаат подолг престој и одмор и сакаат да ги користат читаланата и останатите услуги на установата.
Станува збор за презентација на јавниот повик за финансирање на проекти за новоосновани трговски друшта „Старт-ап„ и „Спин-оф“, од југозападниот регион.
На настанот зборуваа, директорот на ФИТР г.Јован Деспотовски и Проф. д-р Сашо Коруновски, ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола.
Ова е дел од проектот „Иновативен Еко-Систем во областа на прекуграничната соработка“, финансиран од Европската Комисија, застапувана од Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија во кој покрај ФИТР, се спроведува во соработка со Национален центар за развој на иновации и пре…
Деновиве во градскиот парк, зелените острови кај кружните текови и зелените делови покрај пешачките патеки до Горица и покрај каналот Студенчишта, се засадува летната цветна реколта.
Цветниот насад од видовите: агератум, салвија, петунија, “Лепи Јово” и “џунџуле” ќе ги краси парковите во летниот и есенскиот период.
Според годишниот план за 2019 год, од летната реколта се планира да се засадат 50,000 садници.
Локацијата за изградба на марина и понатака спорна и камен на сопнување на трибината на која требаше да се слушне мислењето на јавноста при изработката на Студија за ревитализација на Студенчишкото блато и регулацијата на водниот сообраќај на Охридското езеро. Различни мислења и ставови се слушнаа на денешната трибина која ја организираше општина Охрид. Копјата повторно се кршеа меѓу стручната фела, екологистите и сопствениците на пловни објекти дали и каде да се гради марина. Стручните лица од Хидробиолошкиот институт и научната заедница бараат нивно вклучување во дијагностицирање на сите…
Имплементација на идејно решение за подигнување на нов атрактивен комплекс „Градски парк Касарна“, најави денеска кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, Константин Георгиески. Во поранешната касарна „Михајло Апостолски“ планирано е уредување на ново зелено подрачје, со нови пешачки патеки, урбана опрема, цветни леи и фонтани.
Планирано е да биде засадено ново нискостеблесто зеленило и да бидат подигнати нови дрвореди. Во рамки на паркот ќе биде поставено ново осветлување, игралишта со детски реквизити, летниковци и други интересни содржини – нај…