Стружанец бесплатно дели храна за социјално ранливите граѓани. Никола Петрески самоиницијативно во понеделник, среда и петок дели по 27 топли оброци за социјалните случаи. Како професионален кувар, во неговата работилница готви за две струшки компании, а му останувало многу храна.
Така дошол до идеја храната да ја спакува и да ја подели на граѓаните на кои им е потребна.
Ми остануваше многу храна, ја јадевме дома, но дел од 6-7 кг сигурно се фрлаше така да дојдов до идеја да ја дадам некому кому што му е потребна. Отприлика на почетокот беа двајца тројца првите денови, па сега бројот е …
Филмскиот репертоар во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ започнува со детскиот филм „Патешествието на принцот” (The Prince’s Voyage). Кино проекции ќе има во среда (02.02.2022) и четврток (03.02.2022) со почеток во 18 часот. Картата ќе чини 100 денари, а филмот ќе се прикажува во големата сала при НУЦК Охрид.
Еден стар принц се насукува на непознат брег. Така ранет и изгубен е најден од младиот Том кој го носи кај неговите родители, двајца протерани научници кои имаат свој интерес за љубопитниот новодојденец. Како што смелото момче и мудриот кралски наследник започнуваат серија брили…
Во петок со почеток во 20 часот, пред охридската публика повторно ќе се одигра театарската претстава „Сопружници“ од Вуди Ален, во режија на Драгана Таневска.
Во претставата играат: Ивица Цонев како Гејб, Елизабета Стефановска во улогата на Џуди, Никола Тодороски како Џек, Адријана Билаловиќ- Тодороска како Сали и Филип Кипровски како Мајкл.
„Сопружници“ претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претставата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се к…
Театарскиот репертоар на народниот театар од Охрид започнува со претстава “Сопружници” – Вуди Ален, режија Драгана Таневска, во петок, 04.02.2022 година со почеток во 20.00 часот, во малата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“.
“Сопружници” претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претствата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа пак, од друга страна е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој многу мудро и реално ги анализир…
Детскиот филм „Брат ми брка диносауруси“ повторно ќе се прикажува во Центарот за култура „Григор Прличев“. Кино проекцијата е закажана за четврток со почеток во 18 часот.
„Брат ми брка диносауруси“ е најдобар филм за млада публика на Европската филмска академија во 2020 година. Филмот е снимен според бестселерот на Џакомо Мацариол. Станува збор за италијанска продукција во режија на Стефано Ципани, а во филмот игра и шпанската актерка Роси де Палма, муза на славниот режисер Педро Алмодовар.
Во него главен лик е Џек, кој отсекогаш посакувал да има помал брат со кого ќе си игра. Но кога Џ…
Регионална телевизија ТВМ одбележува 30 години постоење. На 26-ти јануари 1992 година започна да зрачи во етер сигналот на една од првите приватни ТВ станици во Македонија. Од простории на старото училиште Св. Сава, со скромна техника, група ентузијасти започнаа со реализација на првата емисија во живо од контактно забавен карактер. Од тој ден, до денес, над 100-на новинари, техничари, сниматели и друг кадар вградија дел од себеси во медиумот, вложувајќи труд, знаење и љубов. Години на обуки на кадарот и зајакнување на техничкиот капацитет во услови на ограничени ресурси, унапредување на зн…
Владата утре ќе одлучува по која цена ЕСМ ќе ја продава електричната енергија на ЕВН Хоум. Директорот на државните електрани Васко Ковачевски вели дека конечно успеале да ги склопат финансиските планови за домашното производство, но и колку пари ќе им требаат за реализирање на предвидените јавни набавки за 2022 година. Ковачевски уверува дека наместо законски предвидените 60 отсто од потребната струја за домаќинствата, ЕСМ ќе ја обезбеди целата потребна енергија и нема да има потреба од увоз на скапа електрична енергија од берзите.
Ковачевски вели дека на Владата и понудиле неколку цени,…
На 26.01.2022 година во 19:20 часот во СВР Охрид е пријавено дека Н.Т. (46) од Охрид, по претходна расправија бил нападнат и повреден со остар предмет од неговиот син П.Т. (18).
Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.