Детскиот филм „Патешествието на принцот“ во Охрид

Филмскиот репертоар во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ започнува со детскиот филм „Патешествието на принцот” (The Prince’s Voyage). Кино проекции ќе има во среда (02.02.2022) и четврток (03.02.2022) со почеток во 18 часот.

 |   | 

Филмскиот репертоар во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ започнува со детскиот филм „Патешествието на принцот” (The Prince’s Voyage). Кино проекции ќе има во среда (02.02.2022) и четврток (03.02.2022) со почеток во 18 часот. Картата ќе чини 100 денари, а филмот ќе се прикажува во големата сала при НУЦК Охрид.

Еден стар принц се насукува на непознат брег. Така ранет и изгубен е најден од младиот Том кој го носи кај неговите родители, двајца протерани научници кои имаат свој интерес за љубопитниот новодојденец. Како што смелото момче и мудриот кралски наследник започнуваат серија брилијантни бегства, нивниот капацитет за меѓусебно почитување и разбирање почнува да ги руши границите меѓу нивните светови. Со помош на Том, Принцот открива општество за кое не знае ништо, додека родителите на Том решаваат да го искористат за да докажат дека нивната теорија дека постојат други мајмунски општества навистина била точна.
 
Карти можат да се најдат на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063.
 
СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СО ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ПУБЛИКА!
За влез потребно е да поседувате и приложите еден од следниве документи:
-сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно вакцинирани со две дози со вакцина против КОВИД-19
-сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
-сертификатот/потврдата не се однесува за лица под 18 годишна возраст.
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top