Граѓаните од денес ќе можат да добијат назад 15 проценти од платениот ДДВ за секоја сметка со која пазарувале. УЈП ќе ја спроведува во пракса новата реформа која според проценките годишно со оваа мерка по основ на вратен ДДВ кај граѓаните ќе бидат вратени 50 милиони евра. Граѓаните со поделени размислувања по стартот на проектот „Мој ДДВ“. Многумина слушнале но , не знаат како да постапат за да се вклучат во системто на УЈП, додека други не веруваат дека ќе им се враќаат париСо оваа даночна реформа на физичките лица за секоја сметка од пазарење, максимум со поединечна вредност до 30.000 де…
Од денеска стапува на сила Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност со кој граѓаните ќе имаат право да вратат 15 отсто од данокот на додадена вредност искажан во фискалните сметки.
Граѓаните ќе имаат право да вратат 15 отсто од данокот на додадена вредност искажан во фискалните сметки, при што износот на пресметан данок од кој ќе се враќа данокот изнесува најмногу 12.000 денари во едно тримесечје.
Повратот на ДДВ ќе може да се оставри преку скенирање на фискалната сметка на апликацијата „Мој ДДВ“, која дозволува скенирање само на валидни фискални сметки. Со скенирањето на…
Викендов се одржа IV-та Поетска манифестација „Охридски поетски бисер“ во манастирскиот комплекс „Св. Спас“ во Горно Лакочереј со почеток во 13 часот.
Манифестацијата со својата благородна мисија има цел афирмирање, пренесување и зачувување на македонскиот јазик, не само во Македонија туку и низ целиот свет. Сите љубители на поезијата по претходно објавен конкурс имаа можност да станат дел од промоторите на пишуваниот поетски, македонски јазик и литературата воопшто. Од над стотина пристигнати поетски творби жири-комисијата одлучи на манифестацијата да настапат 70-тина поети од Македонија …
За Охрид гарантираме инвестирање и создавање услови за спортување на сите генерации, порача носителот на листа од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата Сашо Донев. Тој најави изградба и реконструкција, опремување на спортските сали, фудбалски и тениски игралишта, организирање и субвенционирање голем број спортски настани и поддршка на спортските таленти.
Во насока на спортскиот развој и напредок за Охрид гарантираме:
ИЗГРАДБА НА НОВИ МУЛТИФУНКЦИОНАЛНИ СПОРТСКИ ИГРАЛИШТА во Велгошти, во Видобишта и на уште две локации.
ИЗГРАДБА НА СПОРТСКИ ТЕРЕНИ (4 ТЕРЕНИ ЗА БАСКЕТ, 4 ТЕРЕНИ ЗА ТЕНИС, ОД КОИ ЕДЕ…
Членовите на Фолклорниот ансамбл „Отекс“ од Охрид, чуварите на фолклорното наследство од регионов, вечерва ја започнуваат големата франсцуска турнеја.
Имено тие од 1-10 јули ќе учествуваат на Меѓународниот фолклорен фестивал „MUSICHORDANCE“ во лион Франција. Заедно со нив, ќе учествуваат уште шест фолклорни групи.
Како дел од ова патување ќе биде и посетата на Венеција како и посетата на градовите долж азурниот брег.
Четвртиот меѓународен гастрономски натпревар „Гастро Мак“ 2019 ќе се одржи во Охрид. Во петте фестивалски денови ќе учествуваат над 400 натпреварувачи, судии, гастрономски амбасадори на ВАКС, светската асоцијација на готвачи и почесни гости од над 35 земји со што во Охрид всушност ќе биде дојден светскиот гастрономски крем. Тоа ќе биде годишна натпреварувачка ревија на шефови на кујни од глобални размери.
Претседател на судискиот одбор на Гастромак 2019 ќе биде иконата на гастрономијата на поранешна Југославија, Стево Карапанџа кој ќе раководи со педесеттина светски врвни судии и мастер кл…
81 годишната Марија Влардингербрук , порнешен туристички извршен директор , жената која прва носеше туристи од Холандија пред триесетина години,повторно дојде во Охрид. Овој пат како турист, заедно со своите пријателки од Холандија и еден албум полн со спомени од далечната 1988 година. Поранешната мисица на Ротердам, тогаш на педесетгодишна возраст била главен извршен директор за холанѓаните, кои доаѓале во Охрид во тогашна Југославија. Потсетувајќи се на тие убави времиња Марија со радост раскажува за бесценетите спомени на илјадниците гости проткаени на брегот на Охридското езер…
Од општинската ВМРО ДПМНЕ ја повикуваат централната власт веднаш да преземе мерки во врска со градењето на бетонската база на брегот на Охридското Езеро. Охрид ризикува да го изгуби статусот на град заштитен под УНЕСКО поради самоволието на локалните моќници, изјави денеска советничката од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Лидија Петкоска. „Повеќе од недела дена нема никаква реакција од страна на властите за безправното узурпирање на брегот на Охридското Езеро. Без дозвола гради бетонска база на самиот брег на езерото. Вакво бесправно градење и непочитување на законите од страна на локални моќници е …