Јул 16, 2019

Со претставата „Хадерсфилд“ Од Угљеша Шајтинец продолжува театарската програма на „Охридско лето“

Вечерва во центарот за култура „Григор Прличев“ во 21 часот, Загрепски младински театар, Хрватска ќе ја донесе претставата „Хадерсфилд“ Од Угљеша Шајтинец. „Хадерсфилд“ е мрачна, потресна и духовита приказана за една триесет годишна генерација, која ги доживува последиците од војната и не гледа пред себе никаква иднина. „Хадерсфилд“ постави темна, духовита и многу трогателна приказна за една генерација од триесет години, која на крајот од новиот милениум тешко ги остави зад себе последиците од војната, и пред себе не гледа никаква индикација за подобра иднина. Во такви околности, и во врем…

Окт 8, 2021

Георгиески : Со реконструкцијата на колекторскиот систем решаваме сложен и сериозен проблем

Благодарение на посветеноста на централната и локалната власт предводена од СДСМ, нашиот скапоцен бисер Охридското Езеро ја доби потребната грижа, која години наназад му беше ускратена, кажа на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник Константин Георгиески. Со отпочнувањето на реконструкцијата на Колекторскиот систем, санација на најкритичните делови и формирањето ново државно јавно претпријатие „Колекторски систем“ решаваме сложен и сериозен проблем, кој беше еден од нашите најважни приоритети, посочи Георгиески. Како локална власт бевме дел од целокупниот процес на форми…

Јул 15, 2019

Од денес во стариот дел на градот се вози по нов режим на сообраќај

Од денес во стариот дел на градот се вози по нов режим на сообраќај. системот функционира, картичките се реевидентирани па засега нема некои поголеми проблеми, велат од Секторот за комунален развој, сообраќај и патишта. Картичките се издадени по основ на 4 категории, на правни лица, станозидавачи, жители кои постојано живеат во тој дел од градот и граѓани кои имаат куќи, а не и постојано живеалише во Охрид. За обезбедување на рампите се ангажирани лица од општината, а дополнително по потреба ќе се вклучува обезбедувањето кое се грижи за јавниот паркинг. Влезот на такси возилата во Стар дел …

Јул 15, 2019

Шефицата на СЈО поднесе неотповиклива оставка

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднесе оставка. Таа објави дека нејзината оставка ќе стане активна тогаш кога политичките партии ќе се усогласат за новото законско решение и ќе го изберат нејзиниот наследник. „Во моментот кога со консензус на сите политички партии бев избрана за специјален јавен обвинител, себеси и на граѓаните на Република Северна Македонија ветив дека функцијата Специјален јавен обвинител ќе ја извршувам во интерес на владеењето на правото и борбата против криминалот и коруцпијата во Република Северна Македонија. Се нафатив на функцијата во …

Јул 15, 2019

Второ издание на „Beach Film Festival“

Од 18-ти до 21-ви јули, на плажата „Оревче“ во Охрид ќе се одржи второто издание на Фестивалот на нов европски филм Beach Film Festival. BEACH FILM FESTIVAL претставува интердисциплинарен настан кој е фокусиран на развојот, односно презентацијата на новиот европски филм и неговата идентификација како посебен културолошки феномен. BEACH FILM FESTIVAL претставува прв од ваков вид во Македонија, кој со својот иновативен концепт се издвојува се од досегашните фестивалски стандарди. Она што го прави уникатен е, пред се, локациите кои ги избравме за нашите филмски проекции – плажата Оревче во О…

Јул 15, 2019

Со новиот објект „ИТ кафе“ се збогатува охридската угостителска понуда

„Итали кафе“ е новиот објект со кој охридската угостителска понуда станува побогата. Во низата кафулиња и ресторани со „ИТ кафе“  градот добива нов препознатлив угоститески објект, информира ПР менаџерот Јасна Стојаноска. „ Се наоѓаме во срцето на Охридската чаршија кај скаличките до ТЦ Амам. Во  „ИТ кафе“ ќе имаме добро избрана музика, гостите ќе уживаат во добра урбано место , со вкусна харна , добри пијалоци и најдобро кафе“, напоменува Стојаноска. Италијаскиот шарм ќе го пронајдете во „Итали кафе“, со стилски ентериер и прекрасен амбиент. Место каде што посетителите ќе може да уживаа…

Јул 15, 2019

Викендов во Охрид започна летната школа за унапредување на бизнисот

Викендов во Конгресниот Центар во Охрид започна деветтата меѓународна летна школка, “Направи разлика, унапреди го бизнисот и помести ги границите со помош на дигиталните технологии“. На свеченото отворање пригодно обраќање имаше заменик градоначалникот на Охрид, Ристо Николески: „Ми причинува чест и задоволство што по деветти пат го избравте Охрид, градот со испреплетена култура и јадрото на словенската писменост, за да ја реализирате програмата на годинешната летна школа под наслов: “Направи разлика, унапреди го бизнисот и помести ги границите со помош на дигиталните технологии“, истакна…

Јул 15, 2019

Продолжува музичката програма на „Охридско лето“, гала концерт на Националната опера и балет

Националната опера и балет и оваа година ќе биде дел од програмата на 59. издание на фестивалот „Охридско лето“ со Гала оперски концерт на вечер со почеток во 21 часот, во катедралната црква Св. Софија. Настапуваат солистите на Националната опера и балет: Весна Ѓиновска Илкова, Борис Трајанов, Благој Нацоски, Наде Талевска, Ирена Кавкалевска, оркестарот на НОБ под диригентска палка на Бисера Чадловска, концерт-мајстор е Климент Тодорски. На фестивалот „Охридско лето“ редовни гости се солистите, диригентите и ансамблите на Националната опера и балет. Впрочем, првиот настан на „Охридско лет…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top