Општина Охрид во соработка со Амбасадата на Израел во Република Северна Македонија во сабота на 27-ми јули 2019 година ќе организира изложба на фотографии „Jumping Together” oд израелскиот амбасадор во нашата земја Дан Орјан.
Изложбата ќе се одржи на малиот плоштад кај „Долна Порта” со почеток во 21 часот.
Оваа изложба за прв пат била претставена во Претседателската градина на претседателот на Израел и има добиено специјална награда за придонес во развојот на општеството во оваа земја. Исто така, изложбата до сега била претставена и во Виена, Нови Сад и во Скопје.
На последната седница седница владата ја усвои информацијата за учество на делегацијата на Република Северна Македонија на 43-тиот состанок на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во Баку, Азербејџан и уште еднаш ја реафирмираше определбата да се зачува статусот на Охридскиот регион како светско наследство впишано во листата на УНЕСКО.
Во таа насока, Владата донесе одлука да го повлече Законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион и им препорачува на општините од регионот да прогласат мораториум на градежните активности до донесување на Планот за упр…
Државното Јавно претпријатие „Колекторски систем“ треба да профункционира од есенва. Се е подготвено за да започне со работа, Владата го прифати делбениот биланс изработен од страна на МЈП „Проаква“, а со ребалансот на државниот буџет предвидени се 4 200 000 ден. за првична санација на колекторскиот систем. Најкритични точки се потегот од Даљан до Сатеска и од Синдикални до Парк. Со студијата Џајка која пред неколку години ја правеа јапонски експерти констатирано е дека има големо запушување на овие делови од колекторот така што тој работи со минимален капацитет. Ако дозволената граница на …
Летниот приод е време кога многу често може да се заработи труење со храна. Насекаде се продава се и сешто, најчесто без да се запазат основните услови за продажба на прехрамбени производи. Затоа од Центарот за јавно здравје советуваат граѓаните да бидат внимателни од каде и што купуваат.
Да се внимава на видот на храната, дали е свежа, каква е, добро да се мие, да се чува во ладилник не повеќе од три дена, да се внимава на рокот,како е спакувана храната, дали пакоувањето е оригинално. Тука е и апелот до маркетите и продавниците кои продаваат вода во пластични шишиња,а и други пијалоци да …
Сместувачките капацитети во Охрид и крајбржјето стануваат се попривлечни за квалитетни гости со подлабок џеб. Во се поголем број Скандинавци и Англичани го откриваат Охрид како привлечна туристичка дестинација. Доаѓаат квалитетни гости кои бараат и квалитетни услуги, а ги добиваат кај нас за релативно пониски цени во однос на околните дестинации, вели Будимир Соколовиќ сопственик на Вила и Винарија Мал Св. Климент.
„ Изненадуваат скандинавците за нив сме тотално непозната дестинација. Исто така и за гостите до Англија. Најголем дел од нив за прв пат слушнале за оваа дестинација. Интересен …
Последно збогум на починатиот новинар Борис Георгиески упатија охридските новинари. Колегите се простија со новинарот кој се одликуваше со висока професионалност и остави белег во македонското новинарство. Тој беше пример за многу охридски новинари од кого стекна дргоцено искуство. Од името на колегите се прости Симон Илиевски кој потсети на неговата страст кон професијата, но и на неговите пасии рибарењето и сликањето.
„ Посакувам да оди кон небото со добра мисла и со мирна душа. На спокојно место да ги спојува добрите мисли од новинарството, неговите цртежи, страста кон рибарењето. Да ги…
Голем број на занаетчии и самостојни вршители на дејност се погодени од забраната да не се работи во недела. Не може да се стават во иста позиција со останатите работници за кои недела е неработен ден со измените на Законот за работни односи, кажува од името на занаетчиите, Сашо Богојески претседател на Регионалната занаетчиска комора од Охрид. Посочува дека има голема нелогичност која се однесува на занаетчиски дејности кои имаат специфична услужна дејност, како што се фризери, козметичари и други дејности да не работат во недела.
Ако се случи да пукне водоводна цевка или ако се скрши с…
Охрид го чуствувам за мој. Со Охрид ме врзуваат спомени уште од детството, тоа е нешто повеќе од самите мои концерти, од самиот фестивал, тоа е практично дел од мојот живот и моето семејство. Тоа го изјави познатиот виолинист Стефан Миленковиќ на прес-конференција по повод неговиот денешен концерт во „Света Софија“ во рамки на „Охридско лето“. Ќе настапи со неговиот колега, пијанистот Владимир Милошевиќ со атрактивна програма за концертот осмислен со, како што рече, „летен шмек“, изразувајќи уверување дека ќе и се допадне на публиката.
Сите дела се историски важни, од првата Соната на Бето…