Во Локалната самоуправа, во јавните пртпријатија во градов како и во градскиот совет има многу помалку жени отколку мажи на раководни места. Само во секторот за образование и здравство има раководител од женски пол. Стереотипите наметнати од минатото и поделбата на машки и женски професии тешко се надминуваат. Родовата еднаквост сеуште е тема на која треба да се работи па затоа во градов се одржува тридневна работилница за родовите индикатори, родовите показатели и родовата статистика.
На работилницата учествуваат преставници од локалната администрација и од Советот на Општина Охрид кои ќе…
Пешачката рекреативна патека од мостот до Горица прва повторно цел на вандали. Искршени и искорнати канделабри, уништени клупи, оштетен плочник е сликата поради која изминативе денови поголем број на граѓани реагира споделувајќи слики и видеа на социјалните мрежи. Од локалната самоуправа велат дека навистина се запрепастени од несовесноста на некои граѓани. Од кога патеката е направена, постојано се уништува. Лоакалната ги санира штетите, но тоа не е решение. СЕ прават непотребни трошоци, се фрлаат пари кои впрочем се на самите граѓани.Воопшто не е важно колку ќе ја чини тоа општината. Дали…
Бако , добро познат бренд за охриѓани , ја продолжува шестгодишната успешна приказна во градов. Викендов компанијата свечено го отвори новиот продажен простор. Наместо на досегашната локација на влезот од чаршијата отсега познатите производи на Бако ќе ги најдете неколку метри подолу кон плоштадот кај Чинарот. Во новата продавница, уредена во модерен дизајн со пријатен ентериер и на поголема површина, ќе ги пронајдете познатите по својот квалитет, производи на Бако. „ Во старата продавница бевме редовни муштерии. Еве сега чекавме новава продавница да се отвори, скоро две три недели и еве до…
Потомоците на трите семејства Митревци, Паунковци и Петковци од селото Ржаново, Малесија, одбележаа сто години од доаѓањето во Охрид. Љупчо Паункоски раскажува дека преселбата на нивните претци прво се случила во 1903 година по Илингденското востание во кое нивните претци биле учесници. По пропаѓањето на востанието селото било изгорено и населението морало да бара егзистенција. Нивните прадедовци со позајмени пари заминуваат во Америка , работат вредно како фурнаџии. По завршување на Првата светска војна се враќаат во родниот крај и со семејствата во 1919 година почнуваат нов живот во Охрид…
Во излетничкото место во село Скребатно, викендов се одржа традиционалната манифестација „Охридска софра“ што ја организира општина Охрид. Целта на настанот е збогатување на туристичката понуда преку промција на специјалитети од традиционалната македонска кујна со акцент на ѓомлезето.
Од раните утрински часови неколкуте домаќинки кои учествуваа во натпреварувачкиот дел ја започнаа подготовката на ѓомлезето. Тричлената комисија за најдобро го прогласи ѓомлезето на Кристина Богданоска, втората награда ја понесе Лиле Кароска, а трето наградена беше Добринка Џуклеска.
Пред бројните посетители…
Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија постои повеќе од 32 години и е основан како прв сегмент на Летниот музички камп на МММ во Охрид во 1986 година. Овој ансамбл е прв и единствен од ваков вид на просторите на Југоисточна Европа и е составен од студенти на ФМУ- Скопје, но и гости музичари од други земји. Повеќе од 350 млади музичари биле дел од овој уникатен состав кој низ годините се наметна на музичката јавност не само како неопходност туку и како изведувачки состав со високи професионални квалитети. Веќе 32 години завршниот концерт на летната сесија на оркестарот е дел о…
На 09.10.2021 година во СВР Охрид приведен е Р.Ч.(30) од Охрид, кој претходно, со заканa кон вработен во угостителски објект во Охрид му одзел мобилен телефон.
Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Со цел обезбедување на доволни количества крв и крвни продукти за потребите на пациентите во здравствените установи во Охрид во летниот период, Црвен крст Охрид организира вонредна крводарителска акција која ќе се реализира на 30.07.2019 (вторник) во просториите на ОСУ Св.Климент Охридски-Гимназија во периодот од 10-13 ч.
Од Општинската организација на црвениот крст од Охрид ги покануваат нашите сограѓани да ја искажат својата хуманост дарувајќи ја драгоцената течност на оваа крводарителска акција.