КОНЦЕРТ НА КАМЕРЕН ОРКЕСТАР НА МММ “САША НИКОЛОВСКИ ЃУМАР”

Вечерва на програмата на фестивалот „Охридско лето“, концерт на камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија, Саша Николовски Ѓумар, под диригентската палка на Олег Кондартенко.

 |   | 

Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија постои повеќе од 32 години и е основан како прв сегмент на Летниот музички камп на МММ во Охрид во 1986 година. Овој ансамбл е прв и единствен од ваков вид на просторите на Југоисточна Европа и е составен од студенти на ФМУ- Скопје, но и гости музичари од други земји. Повеќе од 350 млади музичари биле дел од овој уникатен состав кој низ годините се наметна на музичката јавност не само како неопходност туку и како изведувачки состав со високи професионални квалитети. Веќе 32 години завршниот концерт на летната сесија на оркестарот е дел од програмата на фестивалот „Охридско лето“, а во последните 12 години и на фестивалите „Скопско лето“ и „Битолско лето“. Од 2018 година оркестарот го носи името на македонскиот диригент Саша Николовски-Ѓумар, а годинава по втор пат летната сесија на оркестарот и концертите се под раководство на истакнатиот педагог и виолинист Олег Кондратенко.Солистички настапи ќе имаат Софија Николоска на виолина и Иван Трајановски на сакасофон.

Виолинистката Софија Никоска е родена во 1991 година во Прилеп, каде го започнува своето музичко образование. Средното музичко училиште го завршува во Скопје, после кое се запишува на Факултетот за Музичка уметност во Скопје во класата на проф. Олег Кондратенко на само петнаесет години и станува најмладиот бруцош воопшто на ФМУ. Саксофонистот Иван Трајаноски (1995, Скопје) своето музичко образование го започнал на десет години во својот роден град. Во 2013 година матурира во класата на проф. Владимир Трајаноски. Своето образование го продолжува на музичката Академија во Љубљана во класата на проф. Матјаж Древеншек.Концертот започнува во 21 часот во Црквата Св. Софија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top