Со цел да се постигне уште подобра функционалност на апликацијата мојДДВ за поднесување на фискалните сметки и со тоа на граѓаните да им се овозможи полесно и побрзо да го остварат правото на поврат на 15 % од пресметаниот ДДВ, апликацијата МојДДВ, како и секоја друга апликација подлежи на промени.
Бидејќи при користење на апликацијата корисниците нередовно ги превземаат новите верзии, Управата за јавни приходи на корисниците им испрати порака со насоки за ажурирање на новата, подобрена верзија. Земајќи ги предвид сугестиите на корисниците, во новата верзија има технички унапредувања во од…
Утревечер во во 20:00 ч. во музеј „Куќата на Робевци” во Охрид ќе се отвори изложбата „Форми во црно” на Мице Јанкуловски.
Изложбата ќе ја отвори д-р Мелани Зеферино, Италија, автор на текстот „Формите во царството на естетската меморија” за творештвото од „Форма 3” на Мице Јанкуловски.
Мице Јанкуловски е исклучителен мултимедијален уметник кој истражувал различни дисциплини во уметност од неговата најрана возраст – од цртеж до слика, користејќи различни материјали и техники, вклучувајќи сатирично сликарство на стакло, од палиндром до карикатури и анимирани филмови. Неговото творештво кое…
Четири млади девојки и едно момче од Охрид, студенти на возраст од 21 до 23 години од тимот TeamySeed се победниците на националниот хакатон.
Во рамки на Националното финале на натпреварот тие го презентираа своето решение за одгледување зеленчук во вселената и ја освоија главната национална награда – Патување во NASA Kennedy Space центарот.
Студентите ќе имаат можност да присуствуваат и на полетување на ракета кое е планирано за почетокот на 2022 година, а заедно со второпласираниот тим AstriX се во конкуренција и за глобална награда од NASA за што одлучувањето ќе го вршат комисии сост…
Со средства на УСАИД во вредност од 1.200 000 денари и 25 % учество од Општина Охрид, ќе бидат санирани санитарните јазли и ѕидови во училниците, ходниците и холот во ОУ „Ванчо Николески“ во село Лескоец.
Ова беше заклучено на работниот состанок на градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески со претставниците на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, Небојша Мојсоски , Лири Старова, Бојан Динески и директорката на ОУ „Ванчо Николески“, Елена Ел Нади.
На средбата беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу општина Охрид, основното училиште „Ванчо Ник…
Професорот на Штуловиот универзитет Иљаз Иљази бил физички нападнат од советникот Нефи Усеини. Покрај ударите кои 60 годишниот Иљази ги добил по телото и главата добил и закани за убиство. Иљази претходно не го познавал Усеини. Инцидентот се случил по одстранување на див приклучок за вода. Жителите од двете згради во кои е и викенд станот на Иљази во населбата Далјан, со недели имале слаб притисок на вода. Иљази како претседател на куќниот совет барал од МЈП Проаква одстранување на проблемот. Службите од водовод утврдиле дека станува збор за див приклучок на водоводната мрежа од каде се нап…
Почестена сум што повторно имам покана за настап на Фестивалот Охридско лето , фестивал со 59 годишна долга традиција, рече оперската ѕвезда Инва Мула пред вечерашното гостување. Тоа значи дека станува збор за сериозна институција која се грижи за уметницте и уметонсота . Сум настапувала на овој фестивал 2-3 пати и се сеќавам на прекрасниот магичен амбиент во црквата Св. Софија ,а се надевам дека вечерва уште повеќе тоа ќе го потенцираме .
„ Среќна сум што не настапувам сама туку со колегита Дешира Ахмети и Ѓорѓи Цуцкоски. Добро е да не се настапува сам. Кога пеете добро е да се поделат ем…
Интернационалниот младински оркестар ќе одржи низа концерти почнувајќи од вторник 30.07. па се до недела, 04.08.2019 година.
Имено,овој оркестар, како што стои во нивната биографија, промовира највисок степен на културна и социјална интеракција помеѓу младите луѓе од различни земји – преку создавање квалитетна музика заедно. Нивните почетоци датираат уште од 2001 година, кога диригентот Џулијан Гибонс, го формира оркестарот во Бедстоун, Велика Британија, како еден музички летен камп. Неговата цел била да ги собере младите луѓе со различни музички цели и способности и да им даде шанса да ис…
Со впечатливиот настап на групата „Сарај“ од Охрид во кој доминираше староградската песна и доделување на благодарници и признанија на помагателите на културно – забавното лето вчеравечер заврши осмото „На зајдисонце“ во Трпејца.
Вчера се одржа и традиционалната прошетка низ Националниот парк Галичица по патеката Чоколско. Во неделата вечерта беше заокружена првата работилница по модерен танц во организација на Студиото „Соната“ од Охрид а како бонус програма беа прикажани и два документарни филмови сврзани со Охрид и Трпејца. Културно – забавното лето „На зајдисонце“ со впечатливата прогр…