Дек 9, 2021

Охрид се попривлечен за Молдавските туристи

Зголемено присуство на Молдавски туристи се очекува во 2022 година на охридското крајбрежје. Од туристичкиот сектор очекуваат покрај туристите од Руската Федерација, Полска и Украина да се зголемат посетите на туристи и од Молдавија. Заинтересираноста на овие туристи за посета на нашето крајбрежје се потврдува со посетата на 15 тур-оператори од Молдавија. Тие се сретнаа со Македонски претставници од туристичкиот сектор и се надевам дека хотелиерите и тур-операторите ќе воспостават соработка и конкретни договори, рече Јаневски, директор на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот. О…

Јан 31, 2022

Тренчевска: Со ССМ ќе разговараме за зголемување на минималната плата на 18.000

„Трудот на работниците мора да се почитува, особено во делот на унапредувањето на работничкиот статус и квалитетот на живеење во услови на економска и здравствена криза. Затоа Владата преку дијалог со работниците и работодавачите ќе ја зголеми минималната плата на 18.000 денари а до крајот на мандатот на 20.000 денари“, рече министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во интервју за утринската програма на МРТВ. Денеска со претставници на Сојузот на синдикатите на Македонија имаме состанок кај вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Ќе разговараме за минималната…

Дек 8, 2021

Одлична изложба на Фото клуб Охрид

Во чест на празникот Свети Климент Охридски, во изложбениот салон при НУ Центар за култура „Григор Прличев“ беше отворена традиционалната, 23-та по ред изложба на Фото клуб Охрид. Изложбената поставка содржи 50 фотографии со различни мотиви, дела на 12 автори. Фотографијата ги зачувува од минливост моментите како одредени секвенци од времето. Фотографијата добива повластен статус меѓу уметностите според дефиницијата на уметноста од времето на Платон како копија на реалноста. Безвременоста и непосредноста е суштинска особиност на фотографијата, истакна во своето обраќање пред присутните пре…

Јан 31, 2022

Денеска го славиме Св. Атанасиј Велики – Танасовден

Нашиот народ два пати го празнува споменот на свети Атанасиј Велики. На 31/18 јануари се празнува празникот Танасовден ‒ зимен, а на 15/2 мај Танасовден ‒ летен. Именден празнуваат: Атанас, (доаѓа од грчкото Атанасиос и значи бесмртен), Атанаска, Танас, Тане, Танаска, Насе, Насте…Свети Атанасиј, наречен Велики е роден во Александрија во 295 година. Едно време минал во пустина заедно со свети Антониј Велики. По враќањето во Александрија станал архиѓакон во Александриската црква.Учествувал на Првиот вселенски собор и иако млад се истакнал со познавање на Светото писмо и со говорништвото. Него…

Дек 8, 2021

Се оддаде почит пред споменикот и моштите на Св. Климент Охридски

Во рамките на одбележување на големиот празник Св. Климент Охридски се одржаа бројни активности. На Градскиот плоштад, пред неговото спомен обележје се оддаде почест на Св Климент Охридски светителот и заштитник на Охрид. Пред споменикот се поколонија и положија свежо цвеќе охридскиот градоначалник Кирил Пецаков придружуван од советници од Градскиот совет, а исто така и делегации од политички партии и институции кои го носат неговото име. Во чест на патронот градоначалникот врачи награди за стимулација на творештвото на учениците од прво одделение до четврта година од средните училишта. …

Јан 31, 2022

Општина дебрца го одбележува втори февруари – Светскиот ден на водните живеалишта

По повод 2 февруари – Светскиот ден на водните живеалишта, „ЕКОТУРИЗАМ 2016“ Охрид како организатор и Општина Дебрца како домаќин, заеднички ќе го одбележат настанот „КОН ПОДОБРО УПРАВУВАЊЕ СО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО, СТУДЕНЧИШКО БЛАТО И БЕЛЧИШКО БЛАТО“. Во агендата за овој еколошки важен датум се предвидени презентации за студиите за валоризација на овие важни екосистеми, прикажување на едукативно-документарен филм „Белчишко Блато – синиот бисер од Дебрца“, како и јавна дискусија и дегустација на традиционални специјалитети. Во одбележувањето ќе се придружат Министерството за животна средина и пр…

Дек 8, 2021

Охридската гимназија го одбележа патрониот празник Св. Климент Охридски

Охридската гимназија го одбележа својот патронен празник Св. Климент Охридски. Од оваа образовна установа порачаа дека ќе чекорат по неговиот пат и доследно ќе продолжат да ги пренесуваат неговите вистински вредности оставени во завет. Oваа година патронатот, денот на светиот учител го посветуваме на 30 години од независноста на македонската држава, истакна Весна Цветкоска, директорка на ОСУ „Св Климент Охридски“, а истовремено им упати и порака на гимназијалците.  Можеби сме млада држава 30 години независност, но благодарение на нашиот учител Св Климент Охридски ги описменивме Балканот …

Јан 30, 2022

Пронајдени две ловни пушки кај 35-годишен охриѓанец

На 30-ти јануари 2022 година во 05.45 часот, во СВР Охрид, приведен е 35-годишниот К.Б. од Охрид. При контрола на патнички автомобил „Пежо Партнер” со охридски регистарски ознаки, што тој го управувал, извршена кај Ново село, општина Дебрца, полициските службеници пронајдоа две ловни пушки, за кои немал соодветна дозвола за поседување. По целосно документирање, против него ќе биде поднесена пријава – информираше Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top