Од неодамна во Охрид започна со работа проектот „Подобрување на квалитетот и пристапноста на здравствената заштита и социјалните услуги во пограничните региони“ – КВАЛИТЕТНО ЗДРАВСТВО како дел од Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и С.Македонија.
Носител на проектот е државната болница од Пела, а како партнери, покрај другите, се јавуваат и ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо” – Охрид и Здружението „Мозочен удар“ – Охрид. Целта на проектот „КВАЛИТЕТНО ЗДРАВСТВО“ е подобрување на системот за здравствена и социјална заштита за луѓ…
Министерот Едмонд Адеми, во својство на претседател на Националната Комисија за УНЕСКО, заедно со градоначалникот на Охрид д-р Константин Георгиевски, вчера 30 септември во Париз, Франција, оствари работни средби со УНЕСКО за прогресот во зачувување на природното и културното наследство во Охридскиот регион.
На средбите со директорката на Центарот за културно наследство, Метчилд Рослер, и со неколку амбасадори на земји-членки на Комитетот за светско наследство беше презентиран и поздравен напредокот остварен по одлуката во Баку во јули.
Во август, во координација помеѓу централната и лока…
Проектот за кејот испратен во УНЕСКО. Иако општината има правосилно одобрение за градба, има и Стратегиска оценка за влијание на животна средина реконструкција за кејот ќе чека зелено светло од УНЕСКО. , вели Градоначалникот Константин Георгиески.
Проблемите што ги имаме со УНЕСКО се поради недостаток на таа комуникација. Години наназад државава немала никаква комуникација со УНЕСКО и со нивните советодавни тела, информациите кои стигнувале во УНЕСКО биле од Охрид СОС, ОД 21/42 и такви слични организации кои не дека се нерелевантни туку не се целосно точни и нашите напори во односна тоа пр…
Со театарската престава „Каде е пиштолот “ старуваше есенската сезона во Центарот за култура Григор Прличев. Со детската претстава „Алиса во земјата на чудата“, охридските актери гостуваа и во Штип, на фестивалот за детска драма. Успешно преставување актерите имаа и на двата театарски фестивали во Скопје и Струмица. Актерот Стрезо Стаматоски и охридските актери од преставата Стаклена Менажерија беа забележани со актерската инвентивност и квалитет, а сега ќе продолжат со квалитетна игра и на матичната сцена, информира Горан Симоноски директор на Центарот за култура Григор Прличев. Охридската…
Утрово, под силно полициско обезбедување, со комбиња на АД „Македонски пошти“ почна дистрибуцијата на гласачкиот материјал до избирачките комисии низ дражавата. Според најавите на Државната изборна комисија (ДИК) во текот на денот материјалот ќе биде доставен до сите 80 општински изборни комисии и Градот Скопје.
Станува збор за 4,5 милиони гласачки ливчиња и друг доверлив материјал.
Се е подготвено и денес ќе се дистрибуира цел материјал затоа што активностите ги почнавме во раните утрински часови со цел материјалот на време да пристигне во сите општини. Комбињата и камионите на Македон…
Првиот извештај за напредок по однос на препораките од последната сесија на Комитетот на светско и природно наследство, државната делегација во која е и градоначалникот Константин Георгиески, го презентира денеска во седиштето на УНЕСКО од Париз, Франција. На средбата со Мечтил Рослер, директор на Центарот за светско културно наследство при УНЕСКО и Изабел Анатоле- Габриел, шеф на Одделот за Европа и Северна Америка, градоначалникот Константин Георгиески, информира за чекорите кои се преземени во однос на имплементацијата на препораките и обврските преземени на сесијата на Комитетот што се …
-Поаѓајќи од максимата „Забораваме ако можеме, а се сеќаваме ако сакаме“, јас во двете книги се обидов на чителите да им понудам искрено патување во минатото на регионов, кажа новинарката Валентина Нелоска на промоцијата на второто продолжение на книгата Сага за Охрид. Во своето обраќање пред присутните во Домот на културата Браќа Миладиновци во Струга Неловска посочи дека двете книги се резултат на големата љубов кон белиот град, во кој се родила и израснала.
Во неа со голема посветеност во мојата новинарска работа, како автор на емисијата „Печат“ која се емитуваше на ТВМ телевизија 1…
АД ЕСМ изврши порибување на Охридското Езеро со 29.421 парчиња подмладок на јагула од сортата „Европска јагула“, со вкупна тежина од 865 килограми, со што ќе се подобри фондот на живиот свет во езерото, како и самиот екосистем на езерото.
За набавка на подмладокот на јагулата распишан е тендер согласно законските прописи, во вредност од 7 милиони денари, при што се запазени сите процедури за да се обезбеди здрав и безбеден материјал за порибување на езерото, соопштија од АД ЕСМ.
Порибувањето на езерото беше одложено поради тоа што фирмата „Ново рибарство“ на самото место ја немаше комплет…