• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Европски проект за нови дијагностички и терапевски апарати и подобрување на услугите во Охрид

Европски проект за нови дијагностички и терапевски апарати и подобрување на услугите во Охрид

Од неодамна во Охрид започна со работа проектот „Подобрување на квалитетот и пристапноста на здравствената заштита и социјалните услуги во пограничните региони“ – КВАЛИТЕТНО ЗДРАВСТВО како дел од Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и С.Македонија

 |   | 

Од неодамна во Охрид започна со работа проектот „Подобрување на квалитетот и пристапноста на здравствената заштита и социјалните услуги во пограничните региони“ – КВАЛИТЕТНО ЗДРАВСТВО како дел од Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и С.Македонија.

Носител на проектот е државната болница од Пела, а како партнери, покрај другите, се јавуваат и ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо” – Охрид и Здружението „Мозочен удар“ – Охрид. Целта на проектот „КВАЛИТЕТНО ЗДРАВСТВО“ е подобрување на системот за здравствена и социјална заштита за луѓето кои живеат во прекуграничниот регион преку: подигнување на квалитетот на здравствени услуги во целата погранична област, модернизирање на објектите, опремата и услугите во болниците и медицинските центри кои се од регионално значење, воспоставување на ефикасна здравствена мрежа и подобрување на пристапот на граѓаните кон здравствените услуги во прекуграничната област како и развивање нов модел за прекугранична соработка помеѓу болниците и медицинските центри на Грција и Република С. Македонија.

ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо” – Охрид во склоп на овој проект ќе се здобие со нови дијагностички и терапевски апарати како и артроскоп со цел подобрување на досегашните услуги, како и понуда за нови услуги кои до сега болницата не ги нудела. Исто така ќе се изготви и компаративна студија анализирајќи го квалитетот на здравствените услуви пред почетокот на проектот и периодот за времетраење на проектот.

Здружението „Мозочен удар“ – Охрид, во текот на овој проект, ќе се здобие со апаратура за теренски прегледи како и специјализирано амбулантско возило со кое ќе се спроведуваат низа теренски акции низ сите општини во Југозападна С.Македонија. Граѓаните ќе имаат можност да добијат бесплатни медицински прегледи со цел откривање на ризик факторите за настанување на мозочен удар. Од страна на активистите на здружението ќе се спроведе и едукација на населението преку организација на предавања и индивидуални консултации, поткрепена со печатени материјали (флаери и брошури), а од собраните податоци од теренските активности ќе се изготви студија која ќе прикаже кои се најчестите ризици на населението за настанување на мозочниот удар и како истото се справува со нив.

Дел од потребната апараура за потребите на болницата Св.Еразмо е веќе набавена, а за дел се привршуваат тендерските процедури, додека здружението „Мозочен удар“ веќе имаше успешно спроведени теренски посети и највува уште една во Охрид на 6ти октомври во просториите на Планинската спасителнта служба при Црвен крст – Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top