Промовирана книгата „Сага за Охрид 2“ на Валентина Нелоска

„Забораваме ако можеме, а се сеќаваме ако сакаме“ вели авторот на книгата Сага за Охрид 2, Валентина Нелоска. Промоцијата на продолжението на сагата за белиот град ја доживеа својата промоција во Струга во склоп на одбележувањето на 75 години Матична библиотека и 60 години Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга.

 |   | 

 

-Поаѓајќи од максимата „Забораваме ако можеме, а се сеќаваме ако сакаме“, јас во двете книги се обидов на чителите да им понудам искрено патување во минатото на регионов, кажа новинарката Валентина Нелоска на промоцијата на второто продолжение на книгата Сага за Охрид. Во своето обраќање пред присутните во Домот на културата Браќа Миладиновци во Струга Неловска посочи дека двете книги се резултат на големата љубов кон белиот град, во кој се родила и израснала.

Во неа со голема посветеност во мојата новинарска работа, како автор  на емисијата „Печат“ која се емитуваше на ТВМ телевизија 15 сезони, ги потсетувам читателите преку кажувањата на несебичните, почитувани охриѓани на  подзаборавени моменти и факти од неговото милениумско пулсирање. Со „Сага за Охрид 2“ ќе имате уште една можност да  патувате низ минатото на градот кое ќе Ви ја стопли душата, вели Неловска.

Авторот Валентина Неловска, со голема љубов раскажува за познатите и помалку познати места и жители на Охрид и Струга, како што вели, за да ги запознае и потсети сегашните и идни генерации, но и да ги сочува од заборавот. За нејзиниот труд рецензентот професор д-р Павле Митрески ќе рече:

-Со второто продолжение на книгата „Сага за Охрид “ се збогатуваат уникатните  и мошне содржајни стории за градот, но и пошироко како што се насловите посветени на Струга, струшките села Вишни и Глобочица, Дебрца. Преку тие стории Неловска не воведува во вистински историски приказни, факти и реалности преку многубројните контакти со луѓе кои живеат во Охрид и регионот, а кои поседуваат многу богати историски материјали. Во книгата се поместени разни теми со различни мотиви  економски, културни, историски  кои се поврзани со животот  на луѓето и  семејствата, приложени со навидум „ситни“ приказни , но  искрени историски вистини .

Сага за Охрид 2 е продолжение на истоимената збирка текстови објавена пред две години а базирани на документарните емисии на ТВМ чиј автор и водител е Валентина Неловска веќе 15 сезони. Книгата „Сага за Охрид 2“ е печатена во ПНВ Публикации – Скопје, автор на насловната страница е Ѓоко Симјаноски, а издавач е НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид. Може да се набави во книжарата „Просвета“ во Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top