Окт 3, 2019

На 100 г. од раѓањето Димче Маленко постхумно прогласен за почесен член на охридската Библиотека

Вчера во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид со пригоден настан беше одбележана 100 годишнината од раѓањето на роднокрајниот автор, романсиер и раскажувач Димче Маленко. -Ретки се моментите кога на некој автор, една генерација му се оддолжува со одбележување на еден век од неговото раѓање. Еве нам ни припадна честа и гордоста тоа денеска да го направиме за нашиот Димче маленко, еден од столбовите на познатата Охридска книжевна школа од Св. Климента преку Прличев па се’ до денес, рече модераторот Милчо Јованоски. Во присуство на синот и ќерката на Маленко Петар Маленко и Убавка Упевче …

Окт 3, 2019

Централниот регистар и во Охрид ја спроведува акцијата „Отворени денови со граѓаните”

Ве известуваме дека Централниот регистар на Република Северна Македонија започнува со спроведување на акцијата „Отворени денови со граѓаните”. Стручен тим предводен од Директорката Марија Бошковска – Јанковски на 04.10.2019 година (петок) во период од 11:00 до 14:00 часот ќе одржи отворен ден со граѓаните во канцеларијата на Централниот регистар во Охрид. За време за отворениот ден ќе имате можност да се консултирате за прашања поврзани со работењето на институцијата и да добиете потребни информации и одговори на Вашите прашања.

Окт 2, 2019

Охриѓани со нетрпение го очекуваат завршувањето на затворениот пливачки базен

Градбата на ватерполо базенот кој почна да се гради во Охрид пред 4 години добива контури кои ја загрижуваат јавноста. Се почесто охриѓани се прашуваат каков објект се гради на СРЦ Билјанини извори, станбен, деловен или затворен пливачки базен. Охриѓани со нетрпение очекуваат градот да го добие затворениот базенот со димензии 37 метри на 25 метри. Од Агенцијата за млади и спорт кои се инвеститори на изградбата на базенот во вредност од околу 5 милиони евра, смируваат дека течат градежни работи на затворениот базен и во моментов се поставуваат од армиран бетон монтажни елементи за трибините …

Окт 2, 2019

Планот за управување на охридскиот регион од утре на увид

Нацрт планот за управување со културното и природното наследство во Охридскиот Регион, од утре на јавен увид, информира денеска министерот без ресор Едмонд Адеми. Планот е многу важен дел од препораките од центарот на УНЕСКО. Кога тој ќе се донесе може да заврши прогласениот мораториум. Со планотсе дефинира строга заштитна зона во крајбрежјето околу која не смее да се гради, кажа на денешната заеничка прес конференција, Ана Петрова, државен секретар во Министерството за животна средина. „Многу е голем предизвикот со одредбите на планот да воспоставиме контролирана урбанизација. Тоа го прав…

Окт 2, 2019

Судбината на затворениот градски пазар ќе се решава со анекс договор

Пробиен е рокот за изградбата на затворениот гратски пазар. Нема ниту банкарска гаранција па со тоа се доведува во прашање понатамошната судбина на овој капитален објект кој сеуште е во изградба.„ Точно е дека рокот за изведување на изградбата на пазарот е пробиен, точно е и дека кога јас дојдов за Градоначалник немаше банкарска гаранција па немаше што да активирам. Но ние во меѓувреме започнавме постапка за изработка на анекс на договорот затоа што вештачењето што го направивме ни покажа дека објектот 80% е завршен, а каснењето во рокот дел е вина на општината, а дел и на самиот приватен…

Окт 14, 2021

Непрооден патот преку Галичица

Поради снежен намет, патот преку Галичица е непрооден, информираа попладнево од Националниот парк „Галичица“. На одлуката за затворање на овој патен правец реагираа планинарите и љубителите на природата од Охрид и регионот, туристите, но и општините Ресен и Охрид, потенцираат од Националниот парк „Галичица“. Инаку, од утринава вистинска снежна идила се повисоките планински места низ цела Македонија. Снег има и на Маврово, Попова Шапка, Ниже Поле, Пониква, Крушево, а и на планинските превои Стража, Плетвар, Буково.

Окт 2, 2019

Се издаваат маркици и дозволи за градење а никој не мисли на пристапни патишта

Во центарот на Охрид , кај старото кино на ул „Даме Груев“, 43 семејства во станбена зграда од денеска не ќе можат нормално да функционираат затоа што им е блокиран пристапот до нивните домови.  На тесниот пролаз до нивната зграда започнаа градежни активности за подигнување нов објект. „Инвеститорот си дојде со некакви решенија за градба. Ние од зградава се консултиравме со адвокати и со општината. Велат дека документите им се валидни. Ние немаме ништо против градбата , ние само прашуваме како 43 семејства од зградава како би функционирале , па нека е и месец дена како што ни велат , додека…

Окт 2, 2019

„ГАСТРО МАК“ ОД 10-ТИ ДО 14-ТИ ОКТОМВРИ ВО ОХРИД

Под мотото „Don’t Worry, Be Ohrid!” од 10-ти до 14-ти октомври, Охрид ќе биде домаќин на ;етвртиот Интернационален гастрономски натпревар – „Гастро Мак”. Овој континентален гастрономски настан е во организација на Националната асоцијација на готвачи и шефови на кујни од Рeпублика Северна Македонија поддржана од Министерството за култура и Општина Охрид. Според најавите на настанот ќе замат учество над 300 учесници, над 90 лиценцирани судии од Светската асоцијација на здруженијата на шефови на кујни, гастрономски амбасадори и почесни гости од 30 светски земји. Годинешен претседател на судс…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top