Судбината на затворениот градски пазар ќе се решава со анекс договор

Пробиен е рокот за изградбата на затворениот гратски пазар. Нема ниту банкарска гаранција па со тоа се доведува во прашање понатамошната судбина на овој капитален објект кој сеуште е во изградба.

 |  Лионела Јаковлева  | 

Пробиен е рокот за изградбата на затворениот гратски пазар. Нема ниту банкарска гаранција па со тоа се доведува во прашање понатамошната судбина на овој капитален објект кој сеуште е во изградба.

„ Точно е дека рокот за изведување на изградбата на пазарот е пробиен, точно е и дека кога јас дојдов за Градоначалник немаше банкарска гаранција па немаше што да активирам. Но ние во меѓувреме започнавме постапка за изработка на анекс на договорот затоа што вештачењето што го направивме ни покажа дека објектот 80% е завршен, а каснењето во рокот дел е вина на општината, а дел и на самиот приватен партнер„– вели Градоначалникот Константин Георгиески.

Градоначалникот објаснува дека ако општината го раскине договорот со јавниот приватен партнер пазарот ќе остане недовршен. Затоа ја започнале постапката за склучување на анекс договор . По направеното вештачење на објектот поднеле барање до Министерството за економија за да даде позитивно мислење за склучување анекс договор.

„Тоа ние го добивме и сега ќе пристапиме кон склучување на анекс договорот кој најверојатно ќе го доставиме на наредната седница на совет, а прибавивме и банкарска гаранција до 31.12 2019год. Со што општината е заштитена, пазарот ќе биде завршен, а ќе биде испочитувана и целата законска процедура“ вели Градоначалникот.

 Инаку пазарот се гради на 1230 метри квадратни и треба да е опремен со 190 нови тезги изработени согласно ХАСАП стандардите, подземни паркинг места и деловни простории со површина од 200 метри квадратни. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 239.610.028 денари, односно 3.896.098 евра. Објектот се гради со јавно приватно партнерство, во кое инвеститори се општина Охрид како јавен партнер и ТД Илинден Струга, приватен партнер, кое е и изведувач на градежните работи.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top