Окт 4, 2019

Со програмата Еразмус плус младите луѓе од европските земји споделуваат различни искуства

Чехињата Илона Олахлова, менаџер на проекти од Европската Комисија со група млади луѓе од неколку Европски земји споделуваат искуства и контакти за соработка. Со програмата Еразмус плус младите луѓе добиваат можност да патуваат, да учат јазици и други култури, да ја подигаат свеста за маргинализираните групи и да ги вклучуваат во општеството. И самата, Олахлова , пред неколку години со програмата Еразмус плус дошла во земјава и го научила Македонскиот јазик. Таа се вклучила во проекти и вели се обидуваат да им понудат на младите луѓе да направат нешто ново, да научат бизнис модели, да остан…

Окт 14, 2021

Ногачески ветува изградба на канализациона мрежа и подобрување на водоснабдувањето во Дебрца

Како и во изминатите четири години мандат и во наредните акцентот го ставам на подигнување на квалитетот на живот на граѓаните на Дебрца и токму затоа првенствено ќе инвестираме во капитални проекти, вели независниот кандидат за Градоначалник на Дебрца, Зоран Ногачески.   Би можел да потенцирам неколку проекти како на пример во делот на канализацијата планираме изградба на канализациона мрежа во село Требеништа, во село Лешани за кое е веќе аплицирано со проект и одобрени се средства како и канализациона мрежа за село Велмеј. Подобрување на водоснабдувањето за селата Волино и Оровник как…

Окт 4, 2019

Се зголемува бројот на ново регистрирани фирми во земјава

Расте бројот на новорегистрирани бизниси на средни и мали претпријатија во државава. Од Републичкиот Централен регистер се задоволни како се користат во пракса услугите од нивниот нов проект Е- регистрација и Е- поднесување на пријави за отворање на сопствен бизнис, напоменува директорот на ЦР Марија Бошковска Јанковски. „Во 2018 се регистрирани 4500 нови субјекти. Тоа е доволен знак дека е подобрена бизнис климата во државата за разлика од изминатите години каде што била помала бројката од тие 4500 субјекти. Според нашите мерења бројот е зголемен за најмалку 1000 нови субјекти“, напоменув…

Окт 4, 2019

Државниот секретар на САД Мајк Помпео пристигна во Охрид

Попладнево, на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ пристигна државниот секретар на САД Мајк Помпео, кој ќе престојува во официјална посета на нашата земја. Тој беше пречекан од министерот за надворешни работи Никола Димитров со највисоки државни почести и со силно обезбедување. Американскиот државен секретар денеска во Охрид се среќава со државниот врв, односно на одделни средби со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Зоран Заев. Како што претходно соопшти Стејт департментот, Помпео уште еднаш ќе истакне дека Договорот од Преспа е исклучителен и храбар чекор на лидерите на Се…

Окт 4, 2019

Претседателот Пендаровски во Црвена вода на одбележувањето на Денот на Манифестот до македонскиот народ од 1943 година

Со низа свечености и голем народен собир во селото Црвен Вода, Општина Дебрца се одбележа 3ти октомври  Денот на Општината како и 76годишнината од донесувањето на Манифестот на Генералштабот на НОВ и ПОМ. На собирот свое обраќање имаше претседателот на државата и врховен командант, Стево Пендаровски, кој потсети на славната историја на Дебрца, каде се раѓаше слободата и државноста во времето на Народноослободителната војна. Тој нагласи дека токму на денешен ден пред 76 години во Црвена Вода е донесен  Манифестот на Главниот штаб упатен до македонскиот народ кој ги исцртал контурите на идно…

Окт 4, 2019

Најмладите преку етно-работилница се запознаа со богатото културно наследство

Во рамките на проектот „Охрид во духот на традицијата“ што го реализира Здружението на граѓани „Нова Порта“ од Охрид, денеска се одржа етно-работилница во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ во Охрид. Најмладите кои престојуваат во оваа детска градинка изработуваа предмети со етно-материјали., а ја цртаа и традиционалната охридска куќа преку која се запознаа со старата градска архитектура во Охрид. Целта на работилницата беше децата како идни продолжувачи на традицијата да се запознаат со богатото охридско културно наследство преку етнолошките и етнографските елементи и да научат како се негуваат трад…

Окт 4, 2019

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАЈДОБРА ПОЕМА НА НУЦК „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ” ЗА 2019 ГОДИНА

Конкурсот за избор на соодветната поема трае заклучно до 4-ти ноември 2019 година. Тематската содржина на поемата со која што се конкурира е од слободен карактер, поемата не смее да биде помала од 912 стихови и секој педесетти стих треба да е нумериран. Делото треба да е напишано со големина на фонт минимум 11 (единаесет), испечатено еднострано на А4 формат во 4 (четири) еднакви шифрирани примероци.На конкурсот еден автор може да пријави само едно дело, коавторски дела се неприфатливи. Конкурсот е анонимен, а за најдобрата поема предвидена е и парична награда. За изборот односно наградата…

Окт 4, 2019

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео денес во Охрид ќе се сретне со државниот врв

Државниот секретар на САД Мајк Помпео попладнево ќе слета на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, каде ќе оствари средби со претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев, по што ќе одржи прес конференција. По повод официјалната посета на американскиот државен секретар, во Охрид денеска на сила ќе бидат посебни безбедносни мерки. На булеварот „Туристичка“ и неколку улици во стариот дел на градот, каде ќе минува американската делегација нема да биде дозволено запирање или паркирање на моторни возила. За безбедноста на високиот гостин ќе се грижат поголем број припадници на безбе…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top