На 05/06.03.2022 година од 23 до 04 часот, на подрачјето на Охрид и Кичево, реализирани се засилени сообраќајни контроли.
Притоа, полициските службеници затекнаа 15 возачи кои, управувале моторно возило под дејство на алкохол (Охрид-13, Кичево-02). Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози – информираат од СВР Охрид.
ЈП „Билјанини Извори“ од Охрид наместо со блокатори од 20 јануари, 2020 година неплаќањето на паркинг во А и Б зона како и истекувањето на гребна карта ќе го санкционира со поставување на Платен налог на вашето возило.
Санкцијата за неподмирениот долг како и досега ќе е 1000 денари, но доколку долгот го платите кај нашите контролори во првите 24 часа ќе ве чини 800 денари. Ако долгот го подмирите во следните седум дена ќе платите 1000 денари а ако по овој рок не извршите уплата во банка или пошта , платниот налог го презема извршител со што сите трошоци за наплата ќе бидат на Ваш товар.
И…
Власта во Охрид доби жестока изборна шлаканица од охриѓани затоа што им е доста од изневерени очекувања и неисполнети ветувања, кажа денеска на прес конференција Кандидатот за Градоначалник од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“, Кирил Пецаков. Тој потенцира дека сите во Охрид недвосмислено ја давале поддршката за ВМРО-ДПМНЕ и оттаму е победата со голема разлика во првиот круг. Им порача на охриѓани да немаат сомнеж дека по две недели резултатот може да биде поинаков освен победа.
Победничката советничка листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“ докажа дека п…
Од ОК на ВМРО ДПМНЕ денеска на прес конференција обвинија дека хуманиот третман на бездомните животни остана само лага на власта на СДСМ, градоначалникот Константин Георгиески и директорот на ЈП „Охридски Комуналец“, Љупчо Грданоски.„За тоа сведочат потресните фотографии и видеа кои ги објавуваат граѓаните. Искасани граѓани, отруени, болни, тепани и убивани животни на улиците во општина Охрид. Наместо градење стационар, имаме револтирани и беспомошни граѓани.“ кажа Лидија Петкоска, претседателка на Унија на жени ОК Охрид и советничка во Советот на општина Охрид.
Петкоска праша зошто и по…
Во празничните денови на неколку локации во градот на еколошки свесните граѓаните им беше скратена можноста да го одлагаат пластичниот отпад. Специјалните садови за одлагање на пластика беа преполни и запечатени со леплива трака. Тоа се должи на дефект кај возило за собирање отпад па дојде до привремено затворање на контејнерите за селектирање на отпадот, информира Љупчо Грданоски, директор на ЈП Охридски Комуналец.
„За празнење на садовите за селекција на отпадот е задолжено ЈП Охридски комуналец. Покрај подигање на пластичен отпад задолжено е и за хартија. Тоа се прави редовно во попладн…
До крајот на јануари Делегацијата на ЕУ треба да го финализира процесот за избор на најдобри апликации поднесени на повикот преку Иновацискиот хаб за југозападниот регион. Татјана Мишова, научен соработник за врски од охридскиот Иновациски хаб, информира дека нивната улога е посредување во изработката и поднесувањето на апликациите за користење на грантови за покренување на сопствени бизнис компании, спин оф компании или самовработување.
„Постои интерес за иновации од млади луѓе од регионот на Охрид и Струга. Шест апликации чекаат на одобрување на средства од Делегацијата на ЕК “, напоме…
Свети Василиј Велики (грчки:Βασίλειος ὁ Μέγας) е христијански светец, теолог и епископ од Кападокија, Мала Азија Во црквата се смета како голем поборник за православната вера, пристаниште на моралната чистота и столб на Црквата. Се смета за основач на монашката традиција во источното православие. Како светец бил прогласен по неговата смрт. Православната црква го слави на 1 јануари, односно на 13 јануари, а католичката црква на 2 јануари.
Свети Василиј Велики е еден од најголемите светци на христијанството. Роден е во 330 година во Неокесарија, во Понт, од родители Василиј и мајка Света Еме…
Беберот Неат Алим е единствениот во охридско кој во својата берберска работилница бесплатно потстрижува сограѓани од ранливата категорија. Алим, познат на охридската чаршија како Шогун , заедно со својот практикант Емин секој ден недела одвојуваат време за да потстрижуваат луѓето кои не можат да си го дозволат тоа.
„Одлучивме еднаш во ден недела , секоја недела од 10 до 13 часот да одвоиме време за ранливата категорија граѓани кои не се во можност да го платат шишањето. Сакавме да им излеземе во пресрет и да ги потстрижиме бесплатно“, кажува Шогун.
Шогун за само еден месец, од кога почна…