• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Пецаков: Докажавме дека постои надеж и пркос, дека веруваме во себе и во победа за светла иднина

Пецаков: Докажавме дека постои надеж и пркос, дека веруваме во себе и во победа за светла иднина

Власта во Охрид доби жестока изборна шлаканица од охриѓани затоа што им е доста од изневерени очекувања и неисполнети ветувања, кажа денеска на прес конференција Кандидатот за Градоначалник од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“, Кирил Пецаков. Тој потенцира дека сите во Охрид недвосмислено ја давале поддршката за ВМРО-ДПМНЕ и оттаму е победата со голема разлика во првиот круг. Им порача на охриѓани да немаат сомнеж дека по две недели резултатот може да биде поинаков освен победа.

 |   | 

Победничката советничка листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“ докажа дека постои надеж и пркос, да се создава и дека не се плаши да верува во себе и во иднината на нашите деца. Таа иднина зависи од нас и од промените кои неизбежно доаѓаат. Заедно со народот сме одлучни за промени. Промени за поддршка на позитивното наспроти негативното, квалитет наспроти партизација, работа наспроти неработа. Проекти за подобро живеење на сите, борба за секое ново работно место, за подобра инфраструктура, за модерно и современо образование, за развиен туризам, за Охрид каков што заслужува да биде во сите сфери на општественото живеење – рече Пецаков.

Ги повика граѓаните да излезат и во вториот круг, со зборовите:  Сега е времето наше, да застанеме цврсто, гордо и достоинствено!

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top