На 19.10.2021 година околу 18 часот, во охридското село Елшани, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од П.С. (25) врз В.Ј.(37) и нејзиниот малолетен син, сите од истото село.
Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Југот и високите бранови повторно ги откорнаа бекатон плочките на градскиот кеј. Граѓаните реагираат и од безбедоносни, но и од естетски причини. Велат дека бекатонот воопшто не е соодветен материјал за ваков простор како што е градскиот кеј и бараат што побрзо пропустот кој се направи пред петнаесеттина години кога беа поставени да се исправи при реконструкцијата на кејот.Па искрено кажано бекатон плочките не се најдоброто решение за кејот, но во тоа време така било одлучено.Со неговата реконструкција тоа ќе се исправи. Да се надеваме дека тој проект ќе се спроведе и тогаш ќе немаме вакви …
Од Фондот за иновации и технолошки развој во тек е објава со која финансиски ќе се поддржуваат ново основани микро , мали и средни претпријатија, информира Татјана Мишова, научен соработник за врски од Иновацискиот хаб во Охрид. Максималниот износ зa кофинaнсирање кој може да се искористи за покренување на сопствен иновативен бизнис е до 30.000 евра или 85 проценти од вкупниот буџет на проктот, информира Мишова.
„Еден од условите е компанијата да не е постара од 6 години , да е регистрирана во Централниот регистер во државава и да е во сопственост на македонски државјанин во износ од 50,0…
Возачи на камиони, автобуси и шлепери се дефицитарни на домашниот пазар на труд. Иако минатата година над 600 кандидати од Охрид се пријавиле да полагаат за возачи од C, D и E категорија недостауваат возачи. Од пријавените кандидати само 76 мина се стекнале со дозвола за управување на овие категории возила, информира Никола Кукоски ,раководител на испитниот центар „Современ возач“.
„Според моите последни сознанија домашните компании едвај се снаоѓаат со кадар за високите категории, најверојатно примањата во странските компании се далеку повисоки “, напоменува Кукоски за моменталните состој…
На патниот правец Кичево-Охрид, денеска во периодот од 12:00 до 15:00 часот ќе има прекин на сообраќајот во време траење од 15-20 минути.
– Прекинот е поради изведување градежни работи (минирање) на делот Пресека-Врбјани, информираат од ЈП „Македонија пат“.
Неколку дечиња од Здружението на родители „Тајните на моето срце“ со посебни потреби ќе псоетуваат часови по музикотерапија. Во здружението има 20 тина деца со пречки во развојот, Даунов синдром, комбинирани пречки и церебрална парализа, напоменува Валентина Павлоска Златанова , претседател на здружението. За музикотерапијата е задолжена Билјана Стојкоска, која сесрдно ќе го примени своето знаење за подобрување на комуникацијата кај овие деца, вели Павлоска Златанова , претседател на здружението .
„ Ние во разговор со Билјана, дознавме дека во Европските земји и на Запад , на гоелм с е при…
Среда официјално започнува со работа затворениот зелен пазар. На 31.01 со одлука на совет ЈП„Градски пазар“ доби корисничко право на дел од објектот на затворениот зелен пазар, а денес се направи и официјално примопредавање. Од утре започнува преселбата на пазарџиите.
Со оглед на тоа што влегуваме во нови простории и граѓаните добиваат нови тезги, со цел нивна правилна распределба и за да немаме некои реакции од закупците, во меѓувреме донесовме нов ценовник во затворениот зелен пазар. Имаме четири категории на тезги кои имаат различни цени за закуп, објаснува Кристина Крлеска Деспотоска, …
Наскоро ќе се дислоцира спомен бистата на охридскиот и македонскиот преродбеник Григор Прличев од сегашната локација пред градската библиотека во непосредна близина на контејнерите за отпад. Советниците во градскиот совет ја изгласаа предлог одлуката и ја исправаат грешката донесена пред неколку години од нивните претходници. Сега ќе се поместува спомен обележјето на посоодветно место пред Ценатрот за култура кој го носи неговото име.
„Направен е мал проект како ќе изледа во иднина. Ќе биде поставен меѓу двата влеза на градската бибилотека пред големиот изложбен салон на Центарот за култур…