Среда официјално започнува со работа затворениот зелен пазар

Среда официјално започнува со работа затворениот зелен пазар. Од утре започнува преселбата на пазарџиите. Во затворениот пазар има 120 тезги и огласот за закуп е веќе распишан.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Среда официјално започнува со работа затворениот зелен пазар. На 31.01 со одлука на совет ЈП„Градски пазар“ доби корисничко право на дел од објектот на затворениот зелен пазар, а денес се направи и официјално примопредавање. Од утре започнува преселбата на пазарџиите.

Со оглед на тоа што влегуваме во нови простории и граѓаните добиваат нови тезги, со цел нивна правилна распределба и за да немаме некои реакции од закупците, во меѓувреме донесовме нов ценовник во затворениот зелен пазар. Имаме четири категории на тезги кои имаат различни цени за закуп, објаснува Кристина Крлеска Деспотоска, директорката на ЈП „Градски пазар“.

На поатрактивните места за кои има поголем интерес цените се повисоки, дел од тезгите се со иста цена како и досега, а дел се и со пониска. Во затворениот пазар има 120 тезги и огласот за закуп е веќе распишан.

Заинтересираноста е голема. Сите оние кои беа закупци на пазарот тие и аплицираат, а ако едно лице сака да закупи повеќе тезги тогаш донесовме одлука прво да се доделат тезги на сите заинтересирани па ако останат слободни да им се доделат на оние кои сакаат да закупат повеќе, вели Крлеска.

Просторот каде сега се наоѓа пазарот ќе биде исчистен, уреден и на него е планирано во иднина да се изгради катна гаража. Има една парцела која е во приватна сопственост за која процесот за денационализација е започнат и за брзо треба да заврши, најавуваат од Локалната.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top