Критична е состојбата на Преспанското езеро со намалување на нивото на водата не само во последниве месеци туку во последнава деценија, вели Д-р Трајче Талевски од Хидробиолошкиот институт. Бесмислица и не точна е последната информација дека Охридското Езеро истекува од месноста Казан пред с. Стење. За намалувањето на водостојот покрај сушата виновници се и земјоделците од двете страни на езерото со исклучок од албанската страна. Земјоделците ги користат водите за наводнување на своите овошни насади од двете страни на езерото .
„Виновници сме ние и Република Грција бидејќи има некотролиран…
Во рамките на одбележувањето на јубилејот,25 години од основањето на Женскиот центар „ Бисера“ , викендов во Центарот за култура „Григор Прличев“ беше отворена ликовна изложба на жени сликарки од Охрид. На свеченото отворање на изложбата се обрати претседателката на Советот на општина Охрид Живка Ангелоска.
„Со поставувањето на оваа традиционална ликовна изложба, која се организира по повод одбележувањето на 25 години од основањето на Женскиот центар „ Бисера“, на специфичен начин заеднички го одбележуваме 8-ми март, Меѓународниот ден на жената. Ја одбележуваме 25 годишнината на здружениет…
На 23 октомври во 1893 година во Солун била основана Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО), со цел за извојување автономија на Македонија преку револуционерна борба.
Врвна точка на дејноста на ВМOРО е организирањето на Илинденското востание во 1903 година во Македонија и на Преображенското востание во Одринска Тракија.
Основите на Организацијата се поставени на 5 ноември 1893 година (23 октомври – според стариот календар) во куќата на книжарот Иван Хаџи Николов во Солун. На основачкиот состанок присуствуваат: Д-р Христо Татарчев – лекар, родум од Ресен, Дам…
Општина Охрид ќе го имплементира проектот „Reach the mountain“ кој е одобрен во програмата „People2people“ од постојаната работна група за регионален рурален развој SWG-RRD.
Во рамки на проектот, во месец мај 2020 година, во Општина Охрид ќе биде организирана дводневна работилница за можностите и начините за аплицирање за европски фондови со практични вежби за пополнување на апликации за проектни предлози и еднодневна работилница за диверзификација на економските активисти во регионот, за начинот на воспоставување на нови туристички производи, за вмрежување во прекуграничните региони, пром…
Езерско дерби во 16то коло од машката ракометна суперлига. Рк Охрид на домашен терен ги пречекува ракометарите на Струга. Мартин Ивановски кој имаше добра минутажа на теренот против Бутел Скопје вели дека поразот од 22-20 во првата рунда од пролетната полусезона е зад нив. Подготвени се за вечните ривали од Струга кои во сабота доаѓаат засилени со неколку поискусни играчи.„Во сите категории од пионери до сениори ривалството помеѓу Охрид и Струга постои отсекогаш. Во сениорската конкуренција ривалството е најголемо. Затоа и сите сакаат да го гледаат ова дерби и ја користам оваа прилика да г…
Алармантната состојба со Преспанското може да се одрази и на Охридското езеро.50% од водата на Прескапнското се влева во изворите во Свети Наум, а човечката негрижа и користењето на водата со пумпи од страна на Македонија, Албанија и Грција доведе до еколошка катастрофа во Преспа.
Контролирано да се води сметка за истекот на Охридското езеро кај Црни Дрим за потребите на хидроцентралите, апелираат експертите.
„Овие моментални дождови не се спас за вода се снежните врнежи кои нажалост подолг период ги нема. Таков проблем би се јавил и Охридското езеро а сето тоа зависи од истекот на …
Директорката на НУ ,,Охридско лето”, Наташа Поповиќ срамно, грубо и арогантно се обиде да ја манипулирa охридската и македонската јавност, обвини на денешната прес конференција Перчо Божиновски, портпатол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. Божиновски кажа дека после реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ спорните вработувања во установата биле одјавени. Тој јавно праша зошто е тоа така доколку немало незаконски дејствија. Ако јануарската плата доцни поради чекање на уважувањето на согласноста од Министерството за финансии за вработувањата, зошто тогаш истите без дополнителна согласност од 2019 година се пр…
Се подобрува сообраќајната безбедност и се зголемува протокот на возила на Булевар Туристичка по воведувањето на кружните крстосници, информира Стефан Димоски портпарол на СВР. Додава дека се бележи континуиран пад на бројот на случени сообраќајни несреќи меѓу моторните возила и другите учеснци во сообраќајот во близина на кружните раскрсници. Во првите два месеца од оваа година, во и околу раскрсниците со кружен тек на сообраќајот, на Туристичка, евидентирани биле три сообраќајни несреќи во кои двајца пешаци и еден велосипедист се здобиле со тешки телесни повреди.
„Најчести причини за соо…