• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • На Преспанското Езеро му се заканува катастрофа доколку не почнат разумно да се користат неговите води

На Преспанското Езеро му се заканува катастрофа доколку не почнат разумно да се користат неговите води


Покрај сушата најголеми виновници се македонските и грчите овоштари. Засега Охридското Езеро не е во опасност се додека се напојува од изворите од Св. Наум и Тушемиште, но и тоа зависи од одговорноста на луѓето кои го регулират нивото на езерото со испуштање на водите во реката Црн Дрим.

 |  Валентина Неловска  | 

Критична е состојбата на Преспанското езеро со намалување на нивото на водата не само во последниве месеци туку во последнава деценија, вели Д-р Трајче Талевски од Хидробиолошкиот институт. Бесмислица и не точна е последната информација дека Охридското Езеро истекува од месноста Казан пред с. Стење. За намалувањето на водостојот покрај сушата виновници се и земјоделците од двете страни на езерото со исклучок од албанската страна. Земјоделците ги користат водите за наводнување на своите овошни насади од двете страни на езерото .

„Виновници сме ние и Република Грција бидејќи има некотролирано испумпување на водата било тоа да е од артерските бунари било да е директно од Езерото со што се намалува неговиот  волумен“, укажува д-р Талевски.

Намалувањето на водостојот го нарушува целиот биодиверзитет, се уништува рибниот фонд и се зголемува концентрацијата на штетни материи. Од четири речни притоки кои се влеваа во Преспанското Езеро сега нема ниту една , нагласува Талевски. За спас на Преспанското Езеро , слично како и за Дојранското од пред 3 децении, се потребни мерки на двете држави, напоменува д-р Трајче Талевски. Да се сопрат моќните пумпи за испумпување на водите и да се примени Планот за управување со сливното подрачје за Преспнско Езеро  изготвен  пред 10 -тина години.

„Една од препораките во Планот беше да се направат мини акумулации на околните реки. За во одреден момент да се задржат водите кои би се користеле за наводнување на обработливата површина , но планот не се спроведува. Најдобро е да се сопрат новите технологии за наводнување на овошните насади  и да се примени систем капка по капка секаде.Тоа  прави големи заштеди на водата“, вели д-р Талевски.

Засега, Охридското Езеро не е во опасност се додека се напојува од изворите од Св. Наум и Тушемиште со 10 метри кубни вода во секунда. Но и тоа е регулирано од човечкиот фактор кој може да го доведе во опасност. Затоа многу зависи и од одговорноста на луѓето кои го регулираат нивото на езерото со испуштање на водите во реката Црн Дрим.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top