Охрид , градот со 365 цркви, лулката на ортодоксното христијанство или “балканскиот Ерусалим “како што се нарекува, ќе го празнува Христовото воскресение Велигден без верници во храмовите.
Денеска полицискиот час ги помести Богослужбите од вечерните во пладневните часови. Во 13 часот во сите активни храмови во Охрид се читаа 12те страдални евангелија поврзани со страдањата на Господ Исус Христос кои инаку традиционално се читаат во вечерните часови на Велики Четврток. Од МПЦ и од Дебарско кичевската епархија најавија дека ќе се почитуваат препораките на здравствените власти за спречување…
Продолжува вонредната состојба во земјава за уште 30 дена. Одлуката е донесена на денешната седница на Советот за безбедност кај претседателот Стево Пендаровски. Се одлучи за ваков статус врз основа на добиените информации на дневна основа од Централниот кризен штаб и Владата, а вчера добив извештај за преземените мерки во изминатите 30 дена и предлог за воведување на кризна состојба во следните 30 дена, рече Пендароски.
„Согласно направените проценки за периодот кој следи е јасно дека е потребно повтроно порогласување на вонредна состоја. Одлуката ќе ја донесам согласно моите уставни надл…
Посветени сме на проекти за подобрување на условите за младите охриѓани, напиша кандидатот за Градоначалник на Охрид од СДСМ и Коалицијата Константин Георгиевски.
Доделивме вкупно 700 ученички и студентски стипендии за две години. Реализираме вредни инвестиции за подобрување на условите во сите училишта. Даваме голема поддршка за развој на спортот и спортските клубови. Започнавме процедура за отстапување на простор и формирање Младински Центар во поранешната касарна. Во текот на наредниот период изготвуваме:
-Младинска програма
-Младински буџет
-Стратегија за млади
-Стипендии за млад…
Замастените цевководи се најголемиот проблем при чистењето на секундарната канализација во градот. Посебно со тој проблем се соочуваат во моментов екипите на фирмата Еко тим кои работат на чистење на одводните цевки. Од 18 км секундарна канализација досега се исчистени 5 км секундарна канализација, информира Владимир Алексијоски, директор на ДЈП Колектор.
„Најголем проблем кој го затекнавме на терен се песокта и маснотиите од рестораните кои се испуштаат во секундарната канализација.Од тоа доаѓа до големо затврднување на цеководите и зачепување на цевките во секундарната канализација. Се в…
Од СВР Охрид информираат дека во изминатово деноноќие, три лица (Охрид-2, Струга-1), не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19.
Тие се приведени и против нив ќе биде поднесена кривична пријава. Во истиот период, нема нарушувања на јавниот ред и мир, не се регистрирани кражби и сообраќајни незгоди. – соопшти полицијата.
Непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14 – дневна самоизола…
Во период кога се очекува да се достигне пикот во бројот на заразени од Корона вирусот во земјава, на дигитална конференција се одржа шестиот по ред состанок на координативното тело формирано за превенција од последиците на Ковид -19 вирусот.
Учесниците во координативното тело од најпогодената индустрија имаат за цел да постигнат коодриниран пристап и усогласени барања на Здружението на угостителство и туризмот при Стопанска комора на Македонија, Туристичко-угостителската комора на Македонија во рамки на Сојузот на стопански комори на Македонија, НАИТМ, ХОТАМ, СКТМ, Групација на угостители…
И покрај кризната состојба предизвикана од пандемијата со вирусот COVID-19, Ј.П.„Охридски Комуналец„ со несмален интензитет секојдневно реализира голем број редовни и вонредни активности за подигнување на степенот на јавна чистота и јавно зеленило.
Денес се расчистуваше речното корито од река Грашница, на потегот од „Булевар Туристичка„ до вливот во Охридско Езеро, од расфралан тешко разградлив комунален отпад.
Од расфрлан ситен комунален отпад се расчистуваше и делот покрај коловозните ленти од магистралниот пат Охрид-Скопје на потегот од сообраќајната клучка на влезот во Охрид до с.Подм…
По завршената епидемиолошка анкета, Институтот за јавно здравје информира дека за 2 лица позитивни на Ковид-19, евидентирани во денешниот извештај во Охрид, е утврдено дека се жители на Струга, но истите се тестирани преку пунктот во Охрид.Согласно тоа, ова е новата дневна статистика која се однесува на бројката на новодијагностицирани и нивната дистрибуција по градови:– Скопје 10– Куманово 27– Штип 3– Прилеп 4– Тетово 5– Струга 6– Велес 2– Охрид 3– Гостивар 1– Кочани 3– Неготино 2