Нова вонредна состојба во времетраење од 30 дена

Ова е одлуката донесена на Советот за безбедност кај претседателот Стево Пендаровски. Претседателот на државата ќе донесе нова одлука за вонредна состојба и во наредните 30 дена,  врз основа на нов предлог од Владата. Со се прави обид да се надмине празнината во Уставот, кој не предвидува продолжување на вонредна состојба.  

 |  Валентина Неловска  | 

Продолжува вонредната состојба во земјава за уште 30 дена. Одлуката е донесена на денешната седница на Советот за безбедност кај претседателот Стево Пендаровски. Се одлучи за ваков статус врз основа на добиените информации на дневна основа од Централниот кризен штаб и Владата, а вчера добив извештај за преземените мерки во изминатите 30 дена и предлог за воведување на кризна состојба во следните 30 дена, рече Пендароски.

„Согласно направените проценки за периодот кој следи е јасно дека е потребно повтроно порогласување на вонредна состоја. Одлуката ќе ја донесам согласно моите уставни надлежности и ќе трае 30 дена“, рече Пендаровски.

Во однос на правните дилеми кои се појавија во јавноста во врска со уставноста за продолжување на вонредната состојба повеќе од пропишаните 30 дена, Претседателот даде коментар за одлуката.

„Јасно е дека уставотворецот нема предвидено ваква ситуација. Собранието да не работи и да не може да ја потврди мојата прва одлука за вонрената ситуација. Ја преземав одговорноста со носење на ваква одлука само затоа што имаме ситуација без преседан, кога е далеку поважно да ги сочуваме животите и здравјето на луѓето отколку да се криеме зад правни толкувања“, рече Пендаровски.

Претседателот нагласи дека не станува збор за продолжување на вонредната состојба којашто завршува денеска туку врз нов предлог на владата денес прогласува нова одлука за воведување на вонредна состојба во земјата. Личен став на претседателот во однос на состојбите во Куманово со Ковид 19 е дека таму можеби треба да се примени успешниот модел спроведен во Дебар и Центар Жупа за да се спречи понатамошното ширење на корона вирусот. Во однос на верската исповед на граѓаните, а заради пандемијата претседателот напомена дека сите верски заедници ќе мора да ги почитуваат правилата кои важат за сите граѓани за да се надмине оваа криза.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top