Отец Симиџиоски: Христовото воскресение ќе влезе во нашите домови

Oхрид, лулката на православното христијанство ќе го празнува Велигден без верници во храмовите. Денеска полицискиот час ги помести Богослужбите од вечерните во пладневните часови. Свештениците велат дека треба верниците да се прилагодат на вонредната состоба во општеството.  Христовото воскресение кое претставува победа на животот над смртта и оваа година ќе влезе во нашите срца, души и домови, вели отец Љупчо Симиџиоски.

 |   | 

Охрид , градот со 365 цркви, лулката на ортодоксното христијанство  или “балканскиот Ерусалим “како што се нарекува, ќе го празнува Христовото воскресение Велигден без верници во храмовите.


Денеска полицискиот час ги помести Богослужбите од вечерните во пладневните часови. Во 13 часот во сите активни храмови во Охрид се читаа 12те страдални евангелија поврзани со страдањата на Господ Исус Христос кои инаку традиционално се читаат во вечерните часови на Велики Четврток.  
Од МПЦ и од Дебарско кичевската епархија најавија дека ќе се почитуваат препораките на здравствените власти за спречување на ширењето на корона вирусот, така што богослужбите по повод празникот ќе се вршат без присуство на верници поради полицискиот час.
На 18ти април полноќна литургија за светлото Христово воскресение ќе има во сите активни храмови.
„Но тоа ќе биде со оние лица кои имаат дозвола бидејќи во недела на сила ќе биде полициски час. Така што ќе се служи со  многу мал број на верници, односно свештеникот, хорот и тие што ја одржуваат црквата.
Ќе се прилагодиме на оваа ситуација, меѓутоа верата во нашите срца и воскреснатиот Христос како темел на верата и гарант на нашето воскресение секогаш не прави радосни.
Така мислам и оваа година Христовото воскресение ќе влезе во нашите срца и души и домови. – отец Љупчо Симиџиоски

Во вакви вонредни услови кога на сила се државни прописи за ограничување на движењето со цел за заштита на јавното здравје Отец Симиџиоски вели дека богослужбите и молитвите можат да влезат во домовите на верниците благодарение на технологијата и  медиумите.

„Благодарение и на манастирот Св Јован Бигорски, кој како за Блговештение и Цветници, а верувам ќе биде така и за Велиденските празници, преку youtobe се пренесува богослужбата и замислете во своите домови како да сте на богослужба во Св Јован Бигорски кој на сите ни лежи во срцето.“ – вели отец Симиџиоски.

Директен пренос преку „Youtube” ќе се врши од Велигденската богослужба во храмот Плаошник со која ќе чиноначалствува Владиката Тимотеј, со неколкумина свештеници на 18 април со почеток во 23:30 часот. Иницијативата со цел празничната атмосфера да стигне во секој православен дом е на Лајонс-клубот „Лихнидос”, порталот „OhridNews” и „Мега продукција”, а со благослов на Дебарско кичевската епархија и поддршка на Град Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top