Повторно е отворен реновираниот Tinex маркет во Охрид, кој се наоѓа во склоп на ТЦ „Трудбеник“. Денеска маркетот ги прими првите муштери во новиот модерен амбиент со запазување на сите препораки од здравствените власти како потсетување на потрошувачите за задолжително носење маски и средство за дезинфекција на влезот, обележани растојанија од 2 метри со лепенки на подот и заштитени вработени. „По повод повторното отворање на реновираниот маркет направивме ексклузивни акции , големи попусти и промоции кои важат само за овој маркет. Ги повикуваме жителите на Охрид да повелат во нашиот марке…
Соочени сме пред бројни предизвици во време на пандемијата и секој ја бие својата битка во справување со реалните стравови и грижи, вели психологот Калина Сотироска Иваноска за времето кое го живееме денес. Секоја генерација се бори со специфични препреки со кои коронавирусот не помести од вообичаениот конфор на живеење. Прашање е како да се одржи доброто расположение, вели психологот. Препорката е покрај насочување кон активности кои може да си ги дозволиме во ова време на пандемија да се посвети внимение и на правилниот начин на исхрана, на одржување на хигиена, но и на внимателниот избор…
Ќе се опфатат лицата за коишто се смета дека се во критични категории како здравствени работници, вработени во градинки, вработени во домови за згрижувањена стари лица, припадници на полиција, возачи во ЈСП и таксисти, вработени во јавни служби (шалтерски работници), пациенти пред хоспитализација.
Скринингот ќе се прави со PCR тестови и ќе овозможи поквалитетна проценка за можноста за олабавување на рестриктивните мерки, но и значително ќе се зголеми бројот на тестови.
Во текот на следните денови ќе биде готов новиот алгоритам и ќе се дефинира таргетираниот број на тестови што ќе се прави…
Во Струга, на 7 мај ќе се одржи древната струшка Еордија или литија со Чудотворната икона на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец. Традицијата ќе продолжи и во вонредната состојба со пандемијата на коронавирусот, но во согласност со превентивните мерки на државните и здравствените власти, информира отец Васко Голабоски старешина на храмот Св. Георги во Струга.
„Литијата ќе биде составена од свештени лица, монаси и митропoлитот Тимотеј, која даде се од себе да ги запaзиме државните уредби и закони, а од друга страна да остане традицијата. Не e страшно што ќе биде редуциран бројот на на…
Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (04/05.05) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 25 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 17 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
Исто така според статистичките податоци за изминатото деноноќие на 27 лица им се издадени решенија за изолација, а 138 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека едно лице не …
Бизнисите се подготвуваат за повторно започнување со работа. Со намалувањето на интензитетот на ширењето на заразата од коронавирусот и најавите на здравствените власти и Владата за олабавување на мерките угостителски објекти, козметички салони, теретани, фитнес центри, трговски центри, производствен погон и објекти со друга дејност пред започнување со работа на објектот потребно е да биде извршена целосна дезинфекција од страна на овластена јавна здравствена установа и со соодветно дезинфекционо средство чија употреба е одобрена од страна на Министерството за здравство.„ За сите нив , не с…
Се подготвува Ребалансот на Буџетот тежок 40 милиони денари како заштеда во однос на расходната страна е подготвен. Кратење на трошоците за репрезентација се подразбира, трошењето на угостителски услуги и службени патувања ќе се сведе на минимум, ќе се кратат голем дел непродуктивни трошоци вели градоначалникот Георгиески. „ На пример имавме планирано да набавиме пајак возило оваа година. Но тоа ќе го оставиме за некои подобри времиња. Беше планирана постапка за оперативен лизинг за набавка на возила за општината. И тоа ќе го одложиме. Дел од активностите на Секторот за ЛЕР ќе се пренамен…
Ефективните политики за враќање, реадмисија и реинтеграција на мигрантите, со целосно почитување на меѓународното право и стандарди, се централни аспекти на доброто управување со миграциите и главна тема за дискусија на Регионалната конференција за реадмисија и борбата против нерегуларната миграција во Западен Балкан, која се одржува од 27 до 29 октомври 2021 година во Охрид, Македонија.
Конференцијата е втора од низата настани за подигнување на свеста, коорганизирани од страна на Регионалната иницијатива за миграции, азил и бегалци (МАРРИ), Хилфсверк Интернешнл (Hilfswerk International)…