„За намалување на невработеноста“- ќе се залага кандидатот за градоначалник од НСДП, Ацо Попоски. Доколку ја добие градоначалничката функција, Попоски ќе гради индустриска зона.Град со стопанска перспектива- ќе гради кандидатот за градоначалник од НСДП, Ацо Попоски. Доколку ја добие градоначалничката функција приоритет ќе даде на подигањето индустриска зона по европски терк. Без тоа, вели Попоски, Охрид не може да биде модерен и среќен град.Смета дека невработеноста е најголемиот проблем кој ги мачи охриѓани. Токму затоа својата изборна кампања Попоски ја започна со посета на Агенцијата за…
Од страна на кандидатот за градоначалник Кирил Трендафилов – Нанче, на прес-конференцијата во ОК беше упатена благодарност до сите граѓани кои присуствуваа на вчерашниот митинг. Според него, вчерашниот митинг е најава на уште една победа на партијата ВМРО ДПМНЕ на наредните локални и претседателски избори.“Мојата администрација ќе биде вистински пријател на бизнисот“ додаде Нанче. Во новата администрација која би била предводена од Кирил Трендафилов – Нанче се предвидува да бидат користени светски искуства во управувањето, со цел да се подобри животот на граѓаните.Во предстоечката кампања с…
Презентирани логото и слоганот со кој новата политичка партија ќе Социјал Демократската Унија ќе настапи на претстојаните локални избори..СДУ денеска го презентираше слоганот „за достоинството на Охрид“ со кој ќе настапува на изборната кампања. .„Подготвен сум да го ставам на располагање своето искуство и енергија за од Охрид да изградиме втор Санкт Петербург“ – изјави на денешниот прес Веле Митаноски носител на листа за советници од СДУ. Со навраќање на вчерашниот митинг, се потенцираше на прескапите изборни кампањи кои се водат.Кампањато која ќе биде водена од денес па натака од страна н…
Околу 25 до 30 илјади охриѓани и гости, вечерва ги слушнаа програмите и плановите на кандидатите за градоначалник на Охрид и претседател на Р.Македонија. Пред присутните се обратија Кенан Хасипи-претставник на Демократската партија на Турците, Амди Бајрам- претставник на Сојузот на ромите, Иван Стоиљковиќ-претставник на демократската партија на Србите на Македонија, Лилјана Поповска-претставник на ДОМ, Љубисав Иванов Ѕинго-претставник на Социјалистичката партија. Кандидатот за градоначалник на Охрид, Кирил Трендафилов Нанче во своето излагање пред присутните се осврна на неговите заложби и…
Под мотото „За мене Охрид е главен град“, кандидатот за градоначалник од НСДП, Ацо Попоски и неговиот тим ја претставија изборната програма.Тимот на НСДП, кој се состои од 23 врвни стручни лица, ќе понудат Охрид да стане модерен град со стопански перспективи, со долга туристичка сезона, град на социјална сигурност. Градоначалничкиот кандидат, Ацо Попоски кажа дека тие ќе понудат иднина за Охрид. Во главните теми од програмата, има многу содржини кои ќе ги допрат сите сегменти за живеење на Охрид. Ќе го допрат спортот, културата, образованието, индустријата, социјалата, младите и повозрасни…
Една минута по полноќ, члновите на ВМРО ДПМНЕ, го одбележаа почетокот на изборната кампања. Прва цел на овие избори е да добиеме легитимен претседател, Втора совесен градоначалник, а трета мнозинство во општинскиот совет, беше речено на денешната пресс конференција.Членовите на ВМРО ДПМНЕ ,точно една минута по полноќ, го одбележаа, почнувањето на изборната кампања од пред седиштето на општинскиот комитет.„Како и во сите претходни избори ВМРО ДПМНЕ и овој пат, тргнува во освојување на гласовите на граѓаните на Р Македонија од срцето на Македонија“, беше речено на денешната пресс конференциј…
Со девизата „се за доброто на Охрид“ СДСМ ја започнува трката за градоначалник и за места во советот на град Охрид. Александар Петрески упати апел до останатите кандидати за фер и демократски избори.Кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ денеска во хотелот Маркони во Св. „Наум“ ја презентираше програмата за претстојните локални избори. „Решавање на инфраструктурните проблеми ќе е наш приоритет, клучот за излез од економската криза е точно во решавањето на ваквите проблеми“ -додаде Петрески. Од друга страна на денешното обраќање носителот на листата за советници Бранислав Трпчески …
Одредени се трите локации за бесплатно партиско промовирање со плакатирање, на претендентите за градоначалници и претседателските кандидатите. Согласно изборниот законик, локалната самоуправа ги обезбеди бесплатни локации во близина на ОУ Григор Прличев, кај хотел Палас и на влезот во Охрид од страна на Кичево.Уште во раните утрински часови, партиите агилни. Ги излепија тарабите за плакатирање со своите кандидати.Никола Манески, портпарол на локалната самоуправа вели дека партиите со џентелменскиот договор ќе го почитуваат правото колкав простор ќе користат за плакатирање во изборниот…