Мар 27, 2009

Следува период исполнет со културни настани

Хуманитарни концерти, балетски претстави. Центарот за култура во наредниот период ќе биде домаќин на бројни културни настани. За Центарот за култура започнува сезона исполнета со бројни културни настани. Во идниот период оваа установа ќе биде домаќин на хуманитарни концерти и балетски претстави. Еден од нив е концертот на Борис Трајанов, закажан на 12 април. Собраните пари од влезниците со симболична цена од 100 денари, ќе бидат искористени за хумани цели.На 4 април концерт ќе одржат членовите на Балетската група при Центарот за култура, а од утре започнува и формирањето на детскиот хор.Дир…

Мар 26, 2009

Државата етапно го враќа сјајот на Музејот на Робевци

Девојчињата велат не се за прв пат тука, но сакаат да ги  обноват  помалку подзаборавените впечатоци. Со детска сериозност раскажуваат дека со нивните врсници често разговараат за овој Музеј и се фасцинирани од неговата убавина и местоположба.Сјајот на овој величенствен  објект државата го  враќа eтапно во текот на последните две години. Со  обновување на фасадите од јужната и северната страна, и замената на дограмата доаѓа уште повеќе до израз неговата раскошност. Директорот на Завод и  музеј, Тања Паскали Бунташеска најавува, со реновирање на музејот не се запира. Со програмата за 2009 го…

Мар 26, 2009

„Охрид без дупки и септички јами“

„Некои од проектите директно ќе зависат од општината, а за другите, покапиталните, ќе ни помогне владата на Р Македонија“, рече Трендафилов.„Преку денешново обраќање, на моите сограѓани сакам да им ветам дека за разлика од оваа локална власт која за среќа си заминува, јас ќе ги остварам проектите кои ги имам зацтано“,рече кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ Кирил Трендафилов Нанче. „Во соработка со владата на Р Македонија ќе изградиме индустриска зона, за која локалација веќе имаме,ни треба само дозвола. Ќе формираме центар за развој на мало стопанство и подршка на туризмот, зтоа што …

Мар 26, 2009

Поднесен само еден приговор до ДИК

Само еден поднесен приговор до Државната изборна комисија во врска со гласањето на Локалните избори во општина Охрид. Станува збор за приговор на Групата избирачи од независната листа со реден број 13, чиј носител е Владо Цветкоски. Утринава во присуство на претставници на општинската изборна комисија во ДИК се разгледуваше приговорот. Согласно Изборниот законик во рок од 48 часа ДИК треба да се произнесе дали го одбива или усвојува поднесениот приговор.Доколку постои незадоволство, против решението на Државната изборна комисија може да се поднесе тужба до Управниот суд во рок од 48 часа од…

Мар 25, 2009

Одбележан денот на водата

Во просториите на MЈП ПРОАКВА  се одбележа денот на водата. Директорот на јавното претпријатие, Бранислав Трпчески, упати благодарност до учениците од основните училишта во градот, кои со своите творби учествуваа во одбележувањето на овој празник. Целта на собирот е да се едуцираат младите за значењето на водата во секјдневниот живот и нејзиното рационално користење.Преку ликовниот конкурс на тема „ Водата без граници го поврзува светот“, основците имаа можност на креативен начин да упатат порака за важноста на водата.Експертите се почесто укажуваат на фактот, дека водата за пиење се помалк…

Мар 25, 2009

Од каде се парите и становите на Петрески?

„Граѓаните ќе побараат одговор- како Петрески заработил милиони евра и станови во Македонија и Грција“, велат од ВМРО- ДПМНЕ. Потенцираат дека испитувањето на нивното потекло е задача и на Министерството за внатрешни работи. И денес од ВМРО- ДПМНЕ беа искажани бројни обвинувања кон противкандидатот за градоначалник од СДСМ.Александар Петрески е свесен дека на овие Локални избори граѓаните им рекоа не на транзиционите политичари и богаташи кои во моментов го водат градов, велат од ВМРО- ДПМНЕ. Задача на Министерството за внатрешни работи е да ги испита сериозните наоди за криминал во работењ…

Мар 25, 2009

Очекувањата не се остварија

 Реагираат дека тоа е резултат на извршен изборен фалсификат. Групата избирачи од независната листа со реден број 13, наместо да добијат две, останаа со едно советничко место во советот на општина Охрид. Според бројот на освоени гласови- 1. 957, очекувавме дека ќе освоиме две советнички места, вели носителот и идниот советник, Владо Цветкоски. Според Цветкоски, на избирачкото место 13- 13, Подмолје, записникот кој го поседува ОИК е различен од оној направениот на самото избирачко место во присуство на овластените наблудувачи.  Реагираше и кандидатот за советник чие место во советот речиси б…

Мар 25, 2009

СДСМ и Сојузот на еѓипќани ќе соработуваат

„14 илјади честити граѓани од Охрид кои гласа за мене, Трендафилов, ги нерече подземни криминогени структури“, рече кандидатот за градоначалник од СДСМ. Од позитивната кампања што ја најавуваа од ВМРО ДПМНЕ нема ни трага, додаде Петрески. Културата и дијаментрално спротивните концепти со ВМРО ДПМНЕ, беше тема на пресс конференцијата на ОО на СДСМ. За ВМРО единствено е значајно да копаат гробници, да градат накони живеалишта, да градат музеи на вода, а на копно да трошат десетици милиони евра. Културните институции и манифестации кои се под капата на централната власт одамна се заборавени и …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top