Љубителите на драмската уметност ќе имаат несекојдневна можност, на малата сцена во центарот за култура да ја погледаат монодрамата „Исповед на една Егејка“. Текстот е обработка на романот „Небеска Тимјанова“ од Петре М. Андреески. Монодрамата ја изведува младата актерка – аматер, Христина Цветаноска. Монодрамата е морничава исповед на една жена од Егејска Македонија, преку која писателот Андреевски го открива прашањето на Македонците за време на Граѓанската војна во Грција.Изборот на оваа монодрама е проектна активност на професорите Славе Ѓорго Димоски и Светлана Голабоска , кои …
Пазарните инспектори во периодот од само 3 месеци откриле и заплениле голем број пиратски цедиња. На импровизирани тезги се продаваат цедиња кои не се легални велат инспекторите. Инспекторите при контролите на ваквите недозволени места за продажба , заплениле цедеа во вредност од над 50.000 денари. Тие укажуваат дека и понатака ќе водат борба со пиратеријата. Апелираат до сите препродавачи на нелегални цедиња да не продаваат цедиња на црно зато ашто тие продолжуваат со нивните контроли и ќе ги одземат пиратските цедиња. Инспекторите и полицијата покрај акции за спречување на пиратерија…
Утрово Анита Танеска , беше убиена со три убоди од нож, пред домот на најзините родители. СВР Охрид трага по единствениот осомничен, нејзиниот сопруг. Жителите на ул. Лазо Трпоски осамнаа во шок. Утрово нивната сосетка 24 годишната Анита Танеска, беше грозоморно убиена пред вратата на нејзините родители.Убиството се случило околу 3 часот и 45 минути од засега непознат сторител. Убиството е извршено со нож при што на жртвата и се нанесени повеке убоди во пределот на главата, градите и стомакот, велат од СВР. Во текот на денешниот ден, врз сега починатата ќе биде извршена обдукција од страна …
Се одржа традиционалниот, регионален натпревар – „ Детски семафор 2009“ . Најпрво се изведе теоретски дел од натпреварот во Основното училиште Григор Прличев, а практичниот два часа подоцна, на полигонот за вешто возење на Кеј Маршал Тито, пред хотел Ривиера.„Ова претставува можност учениците, кои се подготвуваа два месеци, да покажат што научиле од вештините за управување со велосипед“, објаснува Благоја Ристески- наставник по техничко образование во ОУ „ Григор Прличев“.Регионалниот натпревар „ Детски семафор 2009“ е во организација на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на пат…
„Информација за секого без предрасуди“ е проект кој се реализира во рамките на програмата на ТелевизијА ТВМ, со помош на Лајонс клубот „Охрид“ и Локалната самоуправа. Целта на проектот е решавање на еден од најгорливите проблеми на глувите и наглуви лица од Охрид – ненавремен пристап до секојдневните информации кои се од пресудно значење за нормално функционирање. За таа цел, ТелевизијА ТВМ започна со емитување на специјално издание на ТВМ Дневникот во 20:00 часот, во кое се содржани сите дневни информации, претходно обработени и прилагодени на гестовниот говор. „ За успешно реализирање на …
Против лицата кои немаат извршено категоризација согласно законот ќе се превземаат казнени мерки, велат од туристичкиот инспекторат.Комисијата за категоризација при Секторот за туризам и локален економски развој продолжува со евиденција на угостителските објекти од мал обем, кои согласно Законот за угостителска дејност се обврзани да се регистрираат. Против физичките лица кои издаваат легла во сместувачките капацитети од мал обем, а немаат извршено категоризација согласно законот ќе се превземаат казнени мерки. Парично ќе бидат казнети и правнитеи физичките лица кои не ја подмируваат турис…
Најлонски кеси помали од 21 микрон и 5 килограми ќе се забранат за употребата од први мај. Наредбата ќе ја спроведува министерството за економија преку државниот пазарен инспекторат, а е иницирана од министерството за животна средина и просторно планирање. „Законодавецот направил пропуст и оставил на совеста на продавачите дали ќе ги користи хартиените кеси“, вели Ѓоко Бошалески началник на ПЕ на државниот пазарен инспекторат. Продавчот не е должен да користи хартиени кеси за транспорт туку само за размер во кеси помали од 5 килограми ,но никако купената стока не смее да се транспо…
Градоначалникот Петрески треба да го следи примерот на Груески, сметаат од општинската ВМРО- ДПМНЕ. Го советуваат градоначалникот заедно со админстрацијата со која раководи да се вклучат со свој пакет- мерки во справувањето со глобалната криза.„Неспорно е дека глобалната економска криза ќе има негативно влијание и врз туризмот како индустрија најважна за Охрид. При тоа, јасно е дека Локалната самоуправа треба да превземе мерки со кои ќе ги намали непродуктивните расходи и со евентуален ребаланс на општинскиот буџет ќе се вклучи во помошта за намалување на последиците од кризата“, истакна Се…