Деновиве, откако ќе се отсранат диво поставените тезги, по средишниот дел ќе се постават типизирани куќички. Овие врмени објекти ќе бидат во сопственост на ЈП Охридски Kомуналец, а заинтересираните ќе можат да ги изнајмуваат.„Новите објекти кои ќе бидат од времен карактер, ќе се постават на средишниот дел од влезот, и ќе бидат со мали димензии“, вели директоро на ЈП Охридски комуналец, Сашо Алчев. „На овој начин ќе се реши проблемот со подвижните тезги“, додава тој.Куќичките со мали димензии 2 метри на 2 ќе бидат во сопсвеност на ЈП и граѓаните ќе можат да ги изнајмуваат под закуп.„ Планир…
Започна првиот уписен рок за учебната 2009 -2010 година во трите средни охридски училишта. Слободни места има за 1044 ученици. Во општинското средно училиште Св.Климент Охридски има 442 слободни места. Од нив 272 места се во гимназиската насока, во економската 136, а во медицинската паралелка 34 места. Во угостителското училиште Ванчо Питошески има место за 238 ученици, а во Емуц има 364 слободни места. Годинава во средните училишта има нови струки. Тоа се здрвствената струка и паралелката за лични услуги.Лани во ЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ имаше слободни места за резбарско одделение и…
Сопствениците на „Вила Дишлиески“ веќе 4 сезона го користат во своите апртмани системот за соларно загревање на санитарната вода. Со овој систем се задоволни и тие и нивните гости кои имаат постојано топла вода кажува Душко Дишлиески.Изведувачот на овие соларни системи за загревање на водата, Шешо Инжинеринг смета дека интересот кај повеќето Охриѓани посебно на сопствениците на хотелите, апартманите и камповите е голем. Сепак бројот на оние кои го имаат вградено системот е мал затоа што станува збор за скапа инвестиција, која се исплатува за 5-6 години. За само 2 недели од мај годинава …
Охриѓанецот Андреј Трповски, ја понесе престижната награда во голема конкуренција на натпреварувачи од целиот свет.Трето место во Анкара, за Андреј Трповски од Охрид. Охридските таленти високо котираат во светот. Доказ за тоа е бронзениот медал на Трпоски, ученик во Јахја Кемал. Тој во Анкара на Интернационалната олимпијада за компјутерски вештини, се покажа со своето чудо 3Д анимацијата за дожд. „Наградата е голем успех за мене, но очекував повисоко место“ изјави за ТВМ Трпоски.Трповски на интернационалната олимпијада во компјутерски вештини која што годинава се одржа во Анкара се пријавил…
Охридската локална самоуправа ја поздравува намерата касарната да им биде препуштена на користење од страна на Министерството за одбрана. Ова беше заложба на локалната самоуправа веќе подолго време вели портпаролот на локалната самоуправа, Никола Манески. Очекуваме до крај на годината да се завршат сите формалности со стопанисувањето на објектот и општината има намера да се пренамени за сместување на Универзитетот и студенскиот кампус бидејќи инфраструктурата одговара и ќе треба само мала преадаптација вели Манески. Со тоа ќе се стави крај на меѓусебното натегање каде да биде сместен и…
„Концесинерите не се придржуваат на законот за јавна хигиена и комунален отпад“, обвинува директорот на ЈП охридски комуналец. Тој додава дека ова претпријатие ќе го подигнува сметот, само доколку концесионрите склучат договори со нив, за подигнување, транспорт и депонирање на комуналниот отпад.Влезовите од Охридските плажи, кои што се дадени под концесија затупани со смет. На оваа непријатна глетка реагираат сите, но на погрешно место. „Годинава никој од концесионерите на плажите иако се почнати со работа немаат побарано услуга подигнување, транспорт и депонирање на комуналниот отпад. За…
Летната шема започна. Кубанците воодушевени од Охрид, синоќа заедно играа со охриѓани во ритамот на латино американскиот танц.Ноќниот живот е составен дел на менито забава, за време на одмор. Летната шема во Охрид веќе настапи, а убавите моменти се паметат. Синоќа иако неделен ден, на атрактивната плажа Куба Либре, се собраа на едно место повеќе генерации да уживаат во инструментите од традиционалната кубанска музика. Еден од менаџерите на плажата Куба Либре Никола Дуданов, рече дека синоќешната забава, е репер кој ветува добра сезона.Причина што групата Кубалканика се најде во Македонија е…
Охрид домаќин на Регионалната конференција на Транспаренси интернешнал за Европа и Југоисточна Европа.До крајот на 2008 година, беа донесени 27 судски пресуди за случаи на корупција на високо ниво, рече премиерот Груевски, на отворањето на конференцијата.„Со ова беа санкционирани повеќе од 100 лица, за злоупотреба на службената положба и овластување“, додаде премиерот.Владата на Македонија има донесено стратешки план за борба против корупцијата за периодот од 2007 до 2011 година.Тоа е стратешки документ во кој се опфатени конкретни мерки и активности на надлежните органи и тела,насочени ко…