Моќта на соларната енергија ќе се користи во Охрид

Охриѓани се повеќе заинтересирани за соларниот ситем за затоплување на вода.

 |  Валентина Нелоска  | 
generator
генератор

Сопствениците на „Вила Дишлиески“ веќе 4 сезона го користат во своите апртмани  системот за соларно загревање на санитарната вода. Со овој систем се задоволни и тие и нивните гости кои имаат постојано топла вода кажува Душко Дишлиески.

Изведувачот на овие соларни системи за загревање на водата, Шешо Инжинеринг смета дека интересот  кај повеќето Охриѓани посебно на сопствениците на хотелите, апартманите и камповите  е голем. Сепак бројот на оние кои го имаат вградено системот  е мал затоа што станува збор за скапа инвестиција, која се исплатува за 5-6 години. За само 2 недели од мај годинава кога  Владата го најави субвенцирањето на овие системи  интересот кај граѓаните се зголеми , но бројот е ограничен вели дип.маш инж.Климе Шешоски.

solarni paneliСекој е заинтересиран да заштеди и да има постојано топла вода додава тој. Владата го намали данокот за вградување на соларните системи од 18 на 5 посто и го субвенционира со 30 посто од вредноста на инвестицијата, најмногу до 300 евра вели Шешоски.

Тој смета дека треба и понатака да се продолжи со Владината подршка. Ние сме подрачје со просек од оклу 275 сончеви денови во годината или 80 посто од потребите би се задоволиле со топла вода во текот на 9 до 10 месеци појаснува Шешоски. Тој смета дека едукацијата кај граѓаните за употреба на соларните системи е недоволна.  Многу од граѓаните не се информирани за што се користат соларните ситеми  и бараат да ги користат за затоплување на просториите, а при тоа не знаат  дека тоа е многу скапа  инвестиција. Системот се користи за загревање на санитарна топла вода објаснува Шешоски. За затоплување на просториите постојат други современи и ефикасни начини на греење појаснува тој.  

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top