Сеп 14, 2009

Охриѓани бараат чесна истрага за бродот „Илинден“

Охриѓани покренаа граѓанска иницијатива за расветлување на причините за несреќата и  потопувањето на бродот Илинден, во кој животот го загубија 15 бугарски туристи.   На средбата  присуствуваа околу стотина граѓани, бродари и членови на екипажот кои бараат чесна истрага. Зоран Гилески, сопственик на бродот Александрија, вели „ целта за формирање на Здружение е  вистината да дојде до истрагата без притисоци и политичко влијание , а немилиот настан да не се користи за политичка пресметка, затоа што  сето тоа доведува до згрозување на истрагата“.  Една од целите на Здружението ќе биде да се со…

Сеп 12, 2009

Мрачна социјална слика во Охрид

Се повеќе се загрозува егистенцијата на работниците во општина Охрид. Социјалната слика во моментов  ни малку не е розова смета првиот општински синдикалец,  Драган Цветаноски. Тој објаснува „ голем број работници останаа без работа по стечајот на голем број  фирми, добар дел на варботените се на принуден одмор, а голем број работници со пресметката на бруто платите останаа без хранарина и патни трошоци“ кажува првиот синдикалец на Охрид. Дополнително во неизвесност се ставаат работниците кои пак се професионално ангажирани. Со измените на Законот за работни односи се кастрат се повеќе рабо…

Сеп 12, 2009

Светскиот ден на Прва помош

„Прва помош за хуманост“, е  мотото под кое се одбележува Светскиот ден на Прва помош.  На градскиот плоштад спроведени низа активности за прославување на овој ден. Една од поголемите свечености годинава се одржува во Риека, каде има четири преставници од ОО на Црвен Крст Охрид. Црвениот крст денеска празнува. Светскиот ден на оваа хуманитарна организација, годинава се одржува под мотото „Прва помош за хуманост“. „Секој човек, може и треба да знае да укаже прва помош, вели претседателот на ОО на Црвен крст, Сашо Точков.И покрај лошите временски услови, на градскиот плоштад се спроведоа низа…

Сеп 11, 2009

Охридската СДСМ обвинува

Охридските социјал-демократи жалат за бродската несреќа и сочуствуваат со семејствата на трагично загинатите бугарски туристи. Згрозени се од неодговорниот однос на Владата кон бродската несреќа. Укажуваат на игнорантскиот однос на премиерот кон Охрид и обидот за прикривање на вистинските виновници за трагедијата.Лидија Апостолоска, портпарол  на СДСМ истакна дека срамот што му го нанесоа на Охрид со вработување на партиски кадри во Капетанија, па од тука хаосот и трагедиите во водите на Езерото, а сега со жртвување на младиот капетан на потонатиот брод, ставени сме пред опасност да се дове…

Сеп 11, 2009

Охридското езеро е старо помеѓу 2 и 5 милиони години

Завршница на петтата по ред најпрестижна светска конференција за заштита на прастарите езера во светот. Веќе пет дена Охрид е домаќин на најпрестижната светска научна конференција за заштита на прастарите езера во светот, СИАЛ 5.„ Настанот е резултат на долгогодишната соработка помеѓу Хидробиолошкиот институт од Охрид, и универзитетот Гизен во Германија“, појаснува Др. Гоце Костоски. Конференцијата е петта по ред, а тема на истата е заштита на 10те прастари езера во светот меѓу кои спаѓа и охридското. „Овие езера истовремено претставуваат таканаречени „Музеи на живи фосили“, бидејќи се насе…

Сеп 11, 2009

Македонската стоматологија напредува во светот

Околу 300 стоматолози од Македонија и регионов учествуваат на 5 тиот по ред конгрес кој деновиве се одржува во Охрид. Годинава за прв пат одржувањето на конгресот се совпаѓа со светскиот ден на оралното здравје 12 септември. За прв пат во Македонија, матични клетки од млечни заби. Македонската стоматолгија според прогресот кој го доживеа,  може да се каже дека е модерна медицинска гранка. Тоа е и заклучокот од досегашниот тек на дискусиите, кои се водат во рамките на петтиот по ред конгрес на стоматолозите во Охрид. Пораката на конгресот е, стоматолозите, граѓаните и целокупната јавност да …

Сеп 10, 2009

Повторно лаги и невистини околу трагедијата на бродот „ИЛИНДЕН“

Овој пат, разноразни комори и здруженија, ја детектираат клучната причина за трагедијата. Никако да престанат шпекулациите, лажните обвинувања и ноторните невистини околу трагедијата со потонувањето на бродот „Илинден“. Денес се огласи Стопанската комора за туризам со седиште во Скопје со обвинувања дека клучна причина за трагедијата е тоа што бугарските туристи немале водич.  Од Здружението на водичи пак,  Бранко Босилков со изјава„ Ако групата туристи од Бугарија имаше локален водич, случајот ќе изгледаше многу поинаку, зашто тој знае колкав е капацитетот на бродот и немаше да дозволи да …

Сеп 10, 2009

Македонија на добар пат

Оваа порака денеска од Охрид ја упати бившиот претседател на Сојузна Република Гермaнија Д-р Роман Херцог, во рамките на својата посета на Охрид. Повод за присуството на германскиот државен претставник е доделување на највисокото одликување на нашата земја, орденот 8ми септември. Плаошник и останатите културно историски знаменитости, секогаш го оправдуваат Охрид пред светот. Ова денес го потврди и поранешниот германски претседател на СРГ Д-р Роман Херцог во рамките на својата посета на нашиoт град. Херцог изразил посебна желба заедно со нашиот Претседател Ѓорге Иванов, да ги освежи своите с…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top