Втора конференција на детски невролози во Охрид. Преку 60 видни доктори од странство и исто толку од земјава, денес и утре во Охрид, ќе разменат искуства поврзани за детската неврологија. Во Охрид, во тек е втората средба на детски невролози од просторите на источна и централна Европа. Се работи за конференција во која учествуваат преку 60 врвни светски експерти по детска неврологија од Турција па се до Словенија. Тие деновиве ќе разменат искуства поврзани со болестите на нервниот систем. Во Македонија бројот на детски невролози е мал, 5 на детска клиника во Скопје, 2 пензионирани и неколк…
Прилогот на ТВМ за смената на директорот на Охридската гимназија, ја разбранува јавноста. Денеска на иницијатива на нашата ТВ куќа за овој проблем проговори и градоначалникот Александар Петерски.По обелоденувањето на информацијата за разрешувањето на директорот на охридската гимназија, Љубиша Мешановиќ, до редакцијата на ТВ М, низа реакции. Со допис до редакцијата на ТВ М се огласи разрешениот директор. Во неговото известување се потврдува и појаснува она што телевизија ТВ М го изнесе. Тоа е дека државниот просветен инспекторат извршил увид, во кон што како што стои во дописот цитирам: „Уч…
Предлог-Деталниот урбанистички план за спортскиот центар „Билјанини извори“, спорен за сопствениците на парцелите во тој дел. „Нема да го отстапиме нашето земјиште во рацете на локалните и државните моќници, кои не гледаат ништо друго, освен остварување на лични интереси“, велат тие.Новиот предлог ДУП кај спортскиот центар „Билјанини извори“ невидлив за сопствениците на парцелите во тој дел. Овој предлог кај засегнатите граѓани предизвика бурни реакции. Тие се крајно незадоволни од денешната презентацијата, која ја одржа Благоја Тагасовски, планер од агенцијата ИМПУМА. Велат дека ДУП от, з…
Ослободување од наплата на 20 метри кубни вода за пиење, канализација и колектор на семејствата кои имаат членови од детска церебрална парализа и на социјалните семејства кои имаат инвалидизирани лица. Две целни групи од социјалната сфера на живеење на граѓани на Охрид опфатени со новата иницијатива на ВМРО-НП. Имено, група советници на оваа партија бараат од градоначалникот Петрески и охридските советници, семејствата кои имаат членови заболени од церебрална парализа и инвалидизирани лица да бидат ослободени од наплата на 20 метри кубни вода за пиење, канализација и колектор. Советникот Јо…
„Охриѓани ќе ги привлечеме со квалитетот на производите кој ги нудиме, исплата на штети и коректниот и професионален однос со осигурениците“, вели претседателот на управниот одбор на Кроација осигурување.Од денеска Кроација осигурување со своја подружница и во Охрид. На свеченото отворање на гостите им се обратија градоначалникот Александар Петрески, генерелниот директор на Кроација осигурување АД друштво за неживотно осигурување, г-дин Драган Лазарески и Претседателот на Управниот одбор Г-дин Хрвоје Војковиќ.Имаме искуство за работа со мали земји, како Македонија, затоа што и Храватска е р…
Убавините на Охрид и неговиот туристичкиот потенцијал претствени во Нови Сад.„На саемот за туризам настапивме сами затоа што Државната агенција за туризам не не подржа а од министерството ни одговорија дека саемот не е на нивниот календарот, вели градоначалникот Александар Петрески.Успешна презентација на Охрид,на саемот за туризам во Нови Сад. Владата смета дека немало потереба од трошоци за ова патување, а локалната токму во овие регионални саеми го гледа идејниот развој на Охрид. „Државата агенција за туризам не не подржа а министретвото ни одговорија дека саемот не е на нивниот календа…
На 19ти овој месец започнува вакцинирањето против сезонски грип.„Заинтересираноста кај населението е навистина огромна, велат од ЗЗЗ. Истото е крајно оправдано, поради фактот што резултатите од вакцината се покажаа како многу ефикасни“, вели првиот човек на заводот, Атанаско Михаилов. „Минатата година имавме 1700 вакцини, а годинава, поради огромната побарувачка набавивме 3000“, велат од таму. „Хронично болните лица, како и оние кои се изложени на бројни контакти, се категорија на граѓани кои задолжително би требало да примат доза од оваа вакцина. Цената на вакцината за сезонски грип изнесу…
Дали дојде времето за наплаќање на политичките сметки, направени за време на годинешниве локални избори. Деновиве две директорски места се во фокусот на вниманието на градов – за ЈП „Охридски комуналец“ и ОСУ„ Св. Климент Охридски“. ТВМ дознава дека во четвртокот, на последниот состанок на општинскиот огранок на СДСМ, потесното партиско раководство вршело притисок врз градоначалникот Петрески за именување на директор на ЈП „Охридски Комуналец“. Од него било барано тоа да биде член со партиска книшка од СДСМ. Од општинската, а и од централната СДСМ како прв човек на Комуналец го протежираа…