Советничката канцеларија, која треба да работи како сервис на граѓаните, по се изгледа не ја оправдува својата функција. Советничката канцеларија, во рамките на Општина Охрид е место каде што може да се разменат разговори и идеи со граѓаните. Секоја советничка група, односно независен советник има еден тремин неделно за средби со жителите на градот. Барање, став, предлог, сугестија или совет, е она што граѓаните го бараат, а советникот би требало да претставува еден вид сервис, кој ако не директно, тогаш барем преку информација да му помогне на граѓанинот, да му укаже или пак да го насочи …
Во проектот на Републикиот црвен крст за контрола на туберкулозата во Македонија се вклучува и општина Охрид. На локално ниво е формиран тим од повеќе стручни профили кои со подршка на општинскиот црвен крст учествуваа во изготвување на Програма за контрола на ова заразно заболување во нашата средина. Има потреба од изготвување на локален акционен план за контрола на туберкулозата појаснува д-р Славица Петровска специјалист Пнеумофтизиолог, волонтер на општинскиот црвен крст и член на локалниот тим. Во нашата средина туберкулозата е во опаѓање, но сеуште не е искоренета.Од анкетните п…
Одредена бројка на пензионери од Охрид и Дебарца, кои немаат трансакциони сметки, по нова година не ќе можат да ја подигнат својата пензија. Околу 248 пензионери од Охрид, најверојатно ќе останат без своите пензии во новата година. Имено станува збор за одлуката на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, заклучно се денешниот ден, сите корисници на пензии да извадат трансакциони сметки. Доколку не ја исполнат оваа законска обврска, по 1ви јануари 2010 год. нема да постои можност да им биде извршена исплата на пензијата во готово. Проблемите кои се јавија на почетокот со доставата на пе…
Бесплатната седумдневна бањска рекреација со 6 полни пансиони, бањска терапија, еден здравствен преглед и трошоци за превоз во висина на повратна автобуска карта од местото на живеење до бањата не се привлечни за охридските пензионери. Најчесто нивно објаснување е дека немаат потреба од бањско лекување.Слаба е заинтерсираноста на пензионерите да користат бањско лекување потврдуваат и од здружението на пензионери од Охрид и Дебрца. Симон Јаковлев секретар на Здружението појаснува дека тоа се должи на два клучни фактори, нискиот животен стандард и хроничните болести на пензионерите. З…
Од 39 кандидати за координатор на ВМРО-ДПМНЕ за Охрид останаа само 5. Тие чекаат на предпоследна рунда преговори кај премиерот Груевски. Конечна одлука ќе даде Извршниот одбор на високото партиско раководство најдоцна до крај на јануари наредната година.Селектирани 5 кандидати за координатор на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид. Гласините што провејуваат во охридската јавност дека до крај на годинава ќе има нов координатор на актуелната ВМРО-ДПМНЕ паѓаат во вода. Името на новиот челник на оваа партија ќе се знае дури на крај од јануар наредната година, дознава Тв М. Во моментов најактуелни се изборите з…
Висината на данокот на имот годинава за 50% намален во споредба со лани. Но и овој издаток дуќанџиите тешко го поднесуваат. Претстои ли закана од голем удар во трговијата на мало? Економската криза навлезе во сите пори од општеството. Покрај големиот удар што го претрпе стопанството како една од најпрофитабилните гранки, не се поштедени ниту помалите сегменти. Данокот на имот за просторот каде што обавуваат дејност дополнително им ја влоши и онака тешката состојба. Дуќанџиите револтирани велат„Висока кирија, големи давачки, уште и издвојување средства за данок на имот, премногу е, велат ду…
Вака е најавена 2010 од страна на таткото на градот. 10 м илиони евра е сумата во која предвидени се 20 приоритетни програми а најмногу отпаѓа на секторот за урбанизам.Буџетот на општина Охрид рапидно расте.За годинава што следува тој ќе изнесува околу 620 милиони денари или 10 милиони евра. Подготовката на буџетот е сложен и комплексен процес, вели раководителот на одделението за финансии и буџет Александар Китрозоски. Тој додава дека за негово остварување мора да има добро осмислена и изменаџирена фискална стратегија и развојни програми.Во 2010 ќе имаме повисок буџет од годинава , оптими…
Економската неправданост во работењето е причина поради која менаџерскиот тим го затвори и хотелот Метропол. Применувајки ја светската практика оваа солуција е најдобра за хотелите во овој клучен момент, вели експертот по туризам, Зоран Тунтев.И во Охрид стигнаа првите посериозни закани од економската криза. Од битката за готи се откажаа реномирани хотелски капацитети. Хотелот Метропол е еден од нив.„Годинава поради економската криза и свинскиот грип се соочивме со намалување на работата која и така е намалена во споредба со истиов период години наназад“, вели менаџерот за продажба на хотел…