Мар 16, 2010

Се „пиeт“ или не?

Изворските води кај Биљанини извори се со променлив квалитет, заклучок е на работната група на експертските тимови составена од претставници на  неколку институции. Последните анализи покажуваат присуство на патогени бактерии.На заедничка маса седнаа различни тимови кои го испитуваа квалитетот на водите на Биљанини извори. Резултатите се недвосмислени. Појавата на бактерии во овие води варира. Работната група формирана во Октомври минатата година, се состоеше од експертски тимови на Регионалниот центар за јавно здравје, Хидробиолошкиот завод, МЈП Проаква и на Локалната самоуправа. Резултати…

Мар 16, 2010

Пензионерите реагираат на најавите од Фондот за здравство

Најавата од Фондот за здравствено осигурување за заострување на начинот за препишување на лековите од позитивната листа ги вознемири пензионерите. Тие како најзасегната категорија регираат дека со овој начин на снабдување со лекови, нивното право на лекување е доведено во прашање. На построгиот режим на препишување лекови реагира и Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца. Од таму најавуваат дека многу скоро  ќе излезат со свој став, по состанокот на Комисијата за здравствена заштита. Претседателот на Здружението на пензионери , Ѓорѓи Трпчески вели „Не добиваме здравствена заштита како ш…

Мар 16, 2010

Законот за Охрид помина на Влада

Долгогодишната идеја за посебен закон за Охрид, најверојатно, ќе се реализира. Законот за Охрид помина на Влада, па сега треба да се стави пред пратениците. Дали со овој закон ќе се решат наталожените проблеми на градов, останува да видиме. Инаку, негово донесувањето беше иницијатива на УНЕСКО, под чија заштита е Охрид.{loadposition content9}

Мар 15, 2010

Петрески се врати дома

Градоначалникот Александар Петрески пристигна во Oхрид. Денеска одржа прес конференција на која призна дека посетата на Австралија ја прекинал затоа што тоа од него го побарале граѓаните и матичната партија.  Петрески  јавно проговори и за опструкциите кои му ги правел амсадорот на РМ во Австралија, кој неместо да се сретне со него и да му организира средби со бизнисмени, барал градоначалниците на општините да не се среќаваат со првиот човек на Охрид. „И покрај корисноста за општина Охрид, донесов одлука да ја прекинам посетата на Австралија затоа што тоа од мене го побараа граѓаните и моја…

Мар 15, 2010

Пештанци повторно имаа посета

Овојпат потпретседателoт на владата Зоран Ставрески отиде лично да се запознае со проблемите кои ги мачат овие луѓе. Друштво на Ставревски во Пештани му правеа дел од Загрижените граѓани од саботата.Нова посета – нови ветувања. Владата деновиве ќе испрати неколку пумпи за црпење на водата од поплавените подруми и куќи во Пештани. Ова денеска по средбата со жителите на оваа туристичка населба, го најави  потпретседателот на владата Зоран Ставрески. Тој уште истакна дека ситуацијата во Пештани не е критична , но е сериозна. Потпрестседателот на владата не беше запознаен со новиот момен, поточ…

Мар 15, 2010

Советот на општина Охрид денеска ја одржа редовната 16-та седница

Советот на општината денеска ја одржа редовната 16-та седница на која преовладуваа предлог-Одлуките од извештаен карактер. По низа препирки и расправии се усвои извештајот за остварувањето на општинскиот Буџет во 2009. „Впечатливо за  буџет во 2009 год  е дека проекцијата на истиот е  и оптовареноста со економската криза која ја почувствува и општина Охрид. Намеснските дотации се реализирани во целот, истакна советникот од ВМРО ДПМНЕ Дејан Паноски. „Немаме квалитетен исчекор во однос на инвестиции. не се сомневам дека и за 2010 год. ќе пристапиме кон ребланс“, истана советникот од ВМРО ДПМН…

Мар 15, 2010

ВМРО–НП се подготвува за предвремени избори

Обраќање на седницата на Централниот комитет на ВМРО НП имаше експремиерот Љубчо Георгиевски.Tој предупреди, доколку и  натаму се игнорираат економските проблеми, сиромаштијата во Македонија ќе се продлабочи, што може да доведе до нова мултиетничка криза. Според Георгиевски, светската економска криза нема да заврши во 2010, ниту во 2011, туку евентуално во 2012 година. Тој смета дека тешката економска состојба е најголема закана по стабилноста на земјата. Исто така, новите конфликти и жаришта во светот ќе влијаат врз стабилноста на регионот, па од  суштинско значење за Македонија е што поск…

Мар 13, 2010

Изнуда за еден милион евра по СМС порака

Кривична пријава и мерка притвор од 30 дена за 45 годишниот Ж.Н од Струга, поради  постоење на основано сомнение дека  сторил кривично дело „ИЗНУДА“ по член 258 од КЗ на Р.Македонија. Согласно поднесената кривична пријава лицето против кого е понесена пријавата имало цел за себе да присвои противправна имотна корист. Имено Ж.Н на 4 февруари годинава на лице од  Охрид, преку мобилен телефон му испратил порака со заканувачка содржина, во која биле упатени сериозни закани по неговиот живот и животот на членовите на неговото потесно семејство, со цел да изнуди парични средства во износ од 1.000…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top