Охрид за велигденските празници ќе биде беспрекорно чист. Ова е најавата на првиот човек на ЈП „Охридски Комуналец“ ,Сашо Алче. За комуналците ниту за празниците нема да има слободен ден. Голема акција на ЈП „Охридски Комуналец“. Се чистат улиците во градот од абразивните средства кои во текот на зимата се фрлаа за заштита од снегот. Со оглед на тоа дека за велигденските празници се очекува голема посетеност на градот, мора секој дел низ охридските улици да биде беспрекорно чист, рече првиот човек на комуналното претпријатие, Сашо Алче.Покрај чистењето на улиците ова е период и за уредување…
Ова е пораката на претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Атанаско Михаилов, кој денеска посети неколку социјално загрозени семејства. Тој на семејствата им додели еднократна помош со основните намирници за велигденската трпеза.„Постојат работи кои се прават од срце а не од интерес“, рече претседателот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, Атанаско Михаилов кој денес ги посети социјално загрозените семејства. Михаилов истакна дека постојат луѓе со сериозни егзистенционални проблеми кои тешко преживуваат и на кои мора да им се помогне.Тој додаде дека пакетот со најосновните прехрамбени производи кои денес им го д…
Советниците дискутираа за штетите кои ги претрпеа Охриѓани поради високиот водостој на езерото. По подолги препирки едногласно беа изгласани 18 заклучоци за заштита на Охридското езеро. Советниците ја усвоија и можноста за изградба на спортско игралиште во урбаната заедница Билјанини извори.Штетите предизвикани поради високиот водостој на езерото пред советниците. Тие денес расправаа за кризата која се случуваше поради зголеменото езерско ниво, а воедно дискитираа и за предлог заклучоците или активностите што треба да ги направат локалната и централната власт. Најголемиот проблем водостојот…
ЕVN најде начин како под лупа да ја стави потрошувачката на електрична енергија. Воведе нов систем за отчитување, обработка и наплата на потрошената струја. Поради негова успешна интеграција, на почетокот на месец април граѓаните ќе добијат две сметки за потрошена електрична енергија.ЕВН Македонија од први мај годинава на македонските граѓани ќе им ги празни џебовите преку новиот систем за отчитување, обработка и наплата на потрошена електрична енергија. Охриѓани со свое мислење околу најновиот потег на ЕВН.На почетокот на месец април граѓаните ќе добијат две сметки за потрошена електрична …
Со 2 000 садници на бел и црн бор облагородено таканареченото место Најковац во Скребатно. Оваа иницијатива ја подржаа и вработените на стовариштето и пилана „Мак – Вуд“. Сопственикот на земјиштето, Томе Ѓорев Парулески вели дека на ова место нема овошка што не успева. Тој заедно со 15 вработени, следејќи ги инструкциите на стручните служби, денес засадија црн и бел бор. Парулески кажува дека е горд што на тој начин зад себе остава свој белег за идните поколенија и генерации. Додава дека добро би било секој да тргне по неговите стапки.„Со исполнување на својата граѓанска обврска и засадувањ…
Само две апликации од Охрид стасале на адреса на Министерството за економија на повикот за субвенионирање на бизнис форуми и манифестации од областа на туризмот. Со 1.000.000 денари ресорното министерство ќе ги поддржува манифестациите кои се значајни за потикнување и развој на туризмот. Право на поднесување на предлози и програми за активностите и бизнис план за субвенционирање имаа правните лица, владините и невладините организции од областа на туристичкото стопанство објаснуваат од ресорното министерство. Од друга страна двете апликации покажуваат дека интересот на охридските субјекти …
На десеттина километри од Охрид, по стрмна планинска патека се наоѓа селото Скребатно. Денеска во него постојано живеат 4-5 семејства. Од куќите останати се петнаесеттина а има и неколку викендички. Мештаните веќе почнаа со засадување на земјоделските култури. Тие велат дека Господ има ставено рака на овој дел. Многумина од нив се сеќаваат како било некогаш.Скребатно овој период оживува. Секој што има градина ја обработува бидејќи има добри услови за тоа, вели Ѓорги Гогачески. Тој додава дека Скребатно е најпосетено за време на викендите најмногу поради црквата Св. „Богородица“.Селото многу…
СВР Охрид го приведе и лиши од слобода лицето И.А. (38) поради постоење на основано сомнение дека е сторител на кривично дело “Измама“. Имено истиот и е познат ја јавноста како линост која повеќе од шест месеци во серија вршеше кривични дела измама со лажно претставување при што од граѓаните одзма пари. Димовски уште додава дека И.А на каса прими ги запишувал лицата кои му поверувале и од кои земал пари, ветувајки им дека истиот ден со возило ќе им биде доставена договорената количина на брашно, шеќер, масло, конзерви, сувомеснати производи, ќебиња и друга покуќнина.Димовски најавува дека п…