Сеп 1, 2010

Започна новата училишна година

Градоначалникот Александар Петрески на првачињата од О.У. „ Живко Чинго“ во село Велгошти, им посака успешен почеток на учебната 201/2011 година. Беше подготвена и свечена програма со која се одбележа првиот училишен ден.Многу радост, малку трема и по некоја солза. Првачињата седнаа во ушилишните клупи. Најмалите основци се радуваа на првиот училишен ден и средбата со своите другарчиња.Градоначалникот Александар Петрески им посака успешна учебна година на учениците од О.У. „Живко Чинго“ во село Велгошти, како и  на сите ученици од општина Охрид,  а на првооделенците, им го честита првиот уч…

Сеп 1, 2010

Доброволно платете го заостанатиот долг кон Охридски комуналец

Охридски комуналец на корисниците кои не го имаат подмирено својот долг кон ова претпријатие им дава уште една шанса. Овој месец ЈП спроведува акција на доброволна наплата на долгот за извршена услуга подигање и транспортирање на комунален смет. Инаку уште од 2003 година ова претпријатие кон сите правни и физички лица кои навреме не го имаат сервисирано долгот за комунална услуга има поднесено тужби кои сега се веќе доспеани и правосилни. Координаторот на заедничките служби Живка Ангелоска појаснува дека поради општата економска криза  одлучиле да го пролонгираат рокот за доброволна наплата…

Авг 31, 2010

Кој ги обезбедува ноќните клубови во градов?

Законот за обезбедување имот и лица дециден,сите ноќни клубови мора да изнајмат Агенција за обезбедување. Ниту една од 7-те охридски легални Агенции за обезбедување не била ангажирана во  кабарето „Хавана“ каде пред пет дена се случи немилиот настан при што свирепо беше убиен еден српски турист. Ова за ТВМ го изјавија поголемиот дел од претставниците на агенциите од Охрид, со кои контактиравме денес. Тие велат дека во нивната професионална комуникација  разменуваат информации кој со кого соработува и каде врши обезбедување. Ниту во еден разговор не било спомнато дека некоја од охридските ил…

Авг 31, 2010

Безбедносната слика на градот

Охридската јавност сеуште во шок по убиството  на српскиот турист. Јавноста исплашена, градоначалникот се оградува од одговорност, а министерот за внатрешни работи молчи. Најпоставувано прашање деновиве во Охрид е колку сме сите ние безбедни. Крвавите тепачки низ охридските локали, како и бројните фатални сообраќајни несреќи по охридските улици, сигурно не одат во прилог на безбедносната слика на градот. Последното свирепо убиство на туристот од Белград, крвничкото претепување на Дејан Новаковиќ, ја прели чашата  и отвори многу дилеми. Колку сме сите  ние безбедни во нашиот град е најпостав…

Авг 31, 2010

Состојбите во Охрид низ призмата на СДСМ

„Урнат, вековно градениот углед на Охрид. Нашиот град повеќе не е еден од најбезбедните туристички центри во светот. Граѓаните на Македонија трпат катастрофални последици од 4 годишното владеење на Груевски и неговата фамилија“. Вака денес обвини првиот човек на Охридските социјалдемократи Наум Јованоски. Оваа реакција следува по немилиот настан во кој настрада српскиот турист. Јованоски целата одговорност околу безбедносната состојба и немилите настани во градот ја префрла на СВР Охрид.Јованоски и во оваа можност не испушти да ги каже бројните пропусти на актуелната Влада и нејзиното недом…

Авг 31, 2010

ВМРО-ДПМНЕ реагира

Првиот човек на оваа политичка опција Атанаско Михаилов истакна дека згрозени се од ваквите настапи на охридските социјалдемократи, посебно во услови кога се случуваат немили настани, непожелни за сите охриѓани. Михаилов потенцира дека одговорноста во врска со безбедносната состојба во градов е поделена. Тој му порача на Јовановски  да престане да плука по Владата и да преземе нешто за доброто на Охрид.{loadposition content9}

Авг 31, 2010

„Охридски Комуналец“ се подели на три нови јавни претпријатиа

Едното ќе раководи со градските гробишта, другото ќе врши погребални услуги, додека третото ќе управува со пазарите. Финансиското работење сите три јавни претпријатија, останува да биде раководено од страна на „Комуналец“.Охрид доби уште три нови јавни претпријатија. На дваесеттата седница на советот, беа усвоени одлуките за формирање на трите нови претрпијатија, од постоечекото ЈКП, „Охридски комуналец“. Од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, се сомневаат во успешноста на спроведувањето на поделбата како и во нивното ефективно понатамошно функционирање, како посебни јавни претпријатија.„Малк…

Авг 30, 2010

Kако до пари за развивање на рурален туризам?

Охридскиот регион има идеални места за развој на селскиот туризам. Еден таков пример  за интензивен развој на селскиот  туризам се жителите од селото Елшани. Тие инвестираат во  развој на туристичките капацитети, но имаат лоша  патна инфраструктура, по која се доаѓа во  нивното село на само10 километри оддалечност од Охрид. Министерот за земјоделство Љупчо Димоски истакна  подготвеност  да им помогнат на елшанци  да го решат овој проблем. Тоа може да го направат ако до министерството преку локалната самоуправа  достават програма за изградба на пат. Министерот Димоски потенцира дека „ жители…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top